gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска: Губиме големи странски инвестиции, неопходна е посветеност на структурните реформи

Во наредните две години сериозни инвеститори ќе вложуваат во регионот на Западен Балкан, но за да не ја избегнуваат Македонија потребно е итно спроведување на структурните реформи, истакна претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска по средбите со лидерите на водечките стопански комори на светските економии, САД, Русија, Велика Британија, кои ги оствари во Париз на годишниот состанок на World Chambers Federation WCF. 

Таа е првиот избран претставник од Македонија, во раководството на World Chambers Federation WCF, единствениот глобален форум кој застапува над 12.000 стопански комори. На состанокот на раководството на коморите Арсовска, оствари повеќе значајни билатерални состаноци на кои беа дискутирани позициите за влез на нови инвестиции во нашата земјата. 

Сериозни инвеститори планираат да го насочат својот капитал и да ги реализираат предвидените проекти за следните две години во земјите од Западен Балкан. Со оглед на нашата позиција како земја, единствена во регионот со член во раководството на WCF, Македонија има можност за позиционирање како дестинација за реализација на крупни инвестициски проекти. Генералната слика и покрај тоа што стратешки сме добро геопозиционирани, е дека моменталната политичко и социо-економска состојба во земјата е нестабилна, а поткопаната доверба во правниот систем и владеењето на правото, се одразуваат преку непредвидлив деловен амбиент и системска нефункционалност, кои се главните причини кои ги одвраќаат инвеститорите. Без посветување на спроведување на структурните реформи, било какви стимулативни мерки кои ќе се понудат, не се доволно за инвеститорите да донесат одлука. Пропуштање на одлуки за големи странски инвестиции се пропуштена можност за остварување побрз економски развој“, истакна Арсовска.

Таа додаде дека на решавање на овие проблеми кои ги одвраќаат странските инвеститори треба сериозно и посветено да се работи, бидејќи дел од светски реномираните компании веќе ја разгледуваат и можноста за отпочнување проекти во Србија, наместо во Македонија. 

 Арсовска е избрана за член на меѓународната група за подготовка на економските политики и препораки на петнаесеттиот Самит на лидери на Влади на Г20 кој оваа година во октомври ќе се одржи во Ријад. 

На овогодишната средба во Париз лидерите на стопанските комори дискутираа и за светските економски движења, со фокус на справување со глобалните предизвици, модернизирање на глобалниот трговски систем, како и дизајнирање на нови модели на глобално управување што ќе придонесат за просперитетен и унифициран дигитален екосистем. 

 Светската Коморска Федерација како единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, го претставува гласот на деловната заедница во најрелевантните светски организации како, Организацијата на Обединети Нации ООН, Г20, Светската Трговска Организација, како и Европската Банка за обнова и развој. 

 Раководството на Светската коморска федерација со седиште во Париз, секоја година ја објавува глобалната агенда на различен континент, во 2018 година во Дубаи, минатата во Русија, а годинава во Франција.

Прочитано 243 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не