gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Јавни повици за финансиска поддршка од Министерство за економија

Почитувани членови,
 
Во насока на континуирано проследување на нови информации кои се однесуваат на финансиска поддршка во областа на туризмот, Сојуз на стопански комори на Македонија Ве информира дека Министерството за економија објави три јавни повици за финансиска поддршка по повеќе основи.
 
За таа цел, Ви проследуваме краток преглед на објавените повици:
 
Јавен повик за поддршка на манифестации, проекти и бизнис форуми од интерес на развојот на туризмот за 2020 година

  • Предмет на поддршка: Доделување средства за покривање на дел од трошоците за организација на манифестации, проекти и бизнис форуми од интерес на развој на туризмот.
  • Право на учество имаат сите активни фондации, стопански комори и здруженија на граѓани формирани со цел развој, поддршка и промоција на туризмот регистрирани најмалку една година во Централниот регистар и со најмалку еден вработен на неопределено работно време.
  • Принцип на разгледување: Прв дојден, прв услужен
  • Краен рок за аплицирање: 16.03.2020 година
  • Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниот линк.

Јавен повик за пријавување на интерес од страна на угостителските објекти за сместување за прием на гости кои ќе добијат Потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 15.000,00 денари

  • Право на учество на овој повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување лоцирани на туристичките центри во РСМ.
  • Краен рок за пријавување: 01.03.2020 година
  • Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниот линк.

Јавен повик за субвенции за туристички цели на селски домаќинства

  • Право на повикот имаат сите физички лица кои вршат угостителска дејност и кои се категоризирани согласно Правилник за начинот и поблиските критериуми за  добивање на ознака во селските домаќинства во рурални средини.
  •  Вкупна вредност на повикот е 2.500.000 денари.
  •  Краен рок за пријавување: 30 септември 2020 година.
  •  Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниот линк.

За сите дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитано 118 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не