gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК и Македонско Швајцарски бизнис клуб со донација за Клиниката за детски болести

Предновогодишна донација за децата во Клиниката за детски болести во Скопје, беше реализирана од страна на компаниите членови на Македонско - швајцарскиот бизнис клуб и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Јасминка Талеска, претседател на Македонско - швајцарскиот бизнис клуб истакна дека оваа акција е дел од практикувањето на општествена одговорност кај компаниите членови на Македонско -швајцарскиот бизнис клуб, како и на Сојузот на стопански комори на Македонија.

„Помагање и поддршка на заедницата, особено на најмладата популација е од исклучителна важност. Веруваме дека оваа пракса ќе продолжи и во иднина кон натамошно зацврстување на соработката и излегување пресрет на компаниите  со донации од различен вид за потребите на Детската клиника. Радува тоа што се побројни се компаниите кои освен во грижа за деловните активности, водат сметка и за околината и општеството каде делуваат во целина  “ , изјави Талеска и додаде дека сите компании, следејќи ги глобалните трендови секоја во рамки на своите можности покрај придонесот кон раст и развој на економијата, практикуваат општествената одговорност како  начин на водење бизнис. 

Наташа Алуловска директор на Клиниката за детски болести ја искажа благодарноста за компаниите пријатели на Клиниката,  членови на Сојузот како и Амбасадата на Швајцарија во Македонија. Потенцира дека со текот на годините општествената одговорност кај компаниите се развива, и во овој период од годината реализирани се голем број донации за потребите на децата.

На настанот присуствуваше и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада, која ја поддржува работата на Македонско – швајцарскиот бизнис клуб и оваа хумана акција во нивна реализација. Таа ја поздрави хуманитарната иницијатива на компаниите членки на Бизнис клубот на Швајцарија и Северна Македонија да направат празнична донација за децата кои се на лекување во Детската клиника и ги охрабри компаниите да ја продолжат оваа позитивна практика.

Во Сојузот на стопански комори на Македонија, членуваат бројни компании кои добиле признанија и награди за практикување на општествената одговорност и кои дел од профитот кој го остваруваат го враќаат на заедницата.

Прочитано 78 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не