gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Објавени Најуспешните Претприемачи за 2019 година

Со цел поттикнување на претприемачкиот дух преку промоција на успешни примери и годинава по 13ти пат се додели престижното национално признание „Претприемач на годината 2019“ за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во земјата.

Во категоријата мали претпријатија првата награда и припадна на Даниела Николовска менаџер на компанијата „Греемак груп“ од Скопје, а втората на Горан Цуцулески менаџер на компанијата „Гурмано -Кривогаштани промет“ од Кривогаштани. 

Првата награда во категоријата микро претпријатија е доделена на Риза Реџепи менаџер на компанијата „Текника Риза“ од Кичево, а втората на Георги Дамчески менаџер на компанијата „Ипринт 2015 “ од Прилеп.

Настанот со свои обраќања го отворија заменик министерот за економија, Кирил Колемишевски, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, директорoт на Македонската развојна фондација за претпријатија, Тетјана Лазаревска, претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Неби Хоџа, по што ги доделија признанијата на најуспешните претприемачи на годината за 2019.

Арсовска истакна дека иницијативата  на за национален избор на најуспешни претприемачи во Македонија, во 2007 година беше прифатена од партнерите организатори, со цел да се подигне свеста за претприемништво. 

„Заложбите на Сојузот континуирано се насочени кон поттик и поддршка на претприемништвото, базирано на знаење и иновации како потенцијал за постигнување поголем економски раст. На претприемачите им е потребна институционална поддршка која позитивно би влијаела на нивниот раст. Еден пример за таа поддршка е предлогот за дерегулација, преку отстранување на административните бариери и даночно ослободување во првите години од формирањето на компанијата, за компаниите да имаат можност да постигнат стабилност и раст. Бројот на претприемачи кои остваруваат континуиран раст покажуваат евидентно намалување, од 320 во 2007 година, во 2019 имаме 31 во конкуренција за избор, што треба да го вклучи алармот. Да се поддржат со тоа што ќе им се овозможи институционална дерегулација, да можат растеретени од секојдневните административни бариери да се посветат на раст на компаниите“, изјави Арсовска.

Претселекцијата за најдобрите претприемачи за 2019 година се прави од страна на Министерството за економија, базирано на податоци од Централниот регистар на Република Македонија. Според критериумите вкупно 31 микро и мали претпријатија влегоа во конкуренција за избор, кои имаат реализирано во минатите 3 години континуиран раст во број на вработени, вкупните приходи, добивка и инвестиции. Најдобрите од оваа бројка претприемачи беа вклучени во процесот на избор преку анкетирање, посета на терен, анализа и оценка според прецизно утврдени критериуми. 

Главни организатори на националниот избор на Претприемач на годината 2019 се Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија, додека ко-организатор е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Институционален покровител е Министерството за економија, а поддржувач ќ е Штедилницата Можности.

Прочитано 197 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не