gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Туризмот има потенцијал, потребна е системска поддршка

Туристичко – угостителската комора (ТУК) и  Националната Асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) одржаа прес конференција во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) со фокус на екологија и туризам, нелојалната конкуренција во секторот како и за претстојната македонска туристичка берза.

Владимир Граматиков, претседател на ТУК зборувајќи за екологијата и туризмот, истакна дека  потребна е стратешка акција на сите чинители во општеството за да се подобри сликата за екологијата во земјава.

 „Главна тема посебно актуелна период е загадување на воздухот, а актуелна текот пак во текот на цела година е  отпадот кој буквално го има насекаде, како во централните градски подрачја, така и во приградски средини, рурални и планински места.  Екологијата е огромен непријател, а треба да биде  пријател број еден на туризмот. Кога се работи за туризмот, тоа не е дозволиво. Нашето барање е сите ресорни институции, да превземат сериозни чекори кон подобрување на оваа ситуација. Бараме иницирање на кампања за подигнување на еколошката свест кај граѓаните и тоа: за фрлање на отпадоци онаму каде што им  е местото, собирање на изметот од милениците, чување на урбаната опрема и санкционирање на вандализмот“, изјави Граматиков и додаде дека Министерстовото за животна средина, комуналните претпријатија, локалните власти, треба да организираат долгорочни кампањи кои ке имаат реален ефект, понатаму да се воведат и инспекции, за да се казни несоодветно постапување.

Претседателот на НАИТМ, Влатко Сулев, ја најави претстојната Македонската туристичка берза, (12-13 декември 2019) модел кој се применува во развиените држави како можност сите чинители да се соберат на едно место, да разменат идеи и да се информираат за новитетите во индустријата. 

„ Настанот на годината во областа на тузимот, единствен од овој тип во регионот е четвртата туристичка берза и третата конференција кои се организирани по светски пример, за вмрежување и обединување на дојдовниот туризам. Ќе присуствуваат светски имиња во туризмот, кои верувам дека ќе споделат искуства кои ќе можеме да ги примениме и во земјата. Имплементирање на светските трендови во областа на туризмот, значи да се биде во чекор со привлекување на што поголем број туристи.  На берзата ќе учествуваат претставници на туристички агенции, хотели, ресторани, винарии, превозници, туристички водичи, музеи, и институции  “, изјави Сулев.

Александар Кузманоски, член на УО на НАИТМ истакна дека со развојот на секторот туризам неопходно е сузбивање на нелојалната конкуренција, обединување на сите чинители и имплементирање на барањата кои произлегуваат од секторот.

„ Неопходно е системско справување со нелојалната конкуренција која се провелекува години наназад, а претставува сериозен проблем кој треба соодветно да се третира. Веруваме дека новото Законско решение кое е во процедура ќе се имплементира соодветно со прифаќање на нашите барања. Стоиме на располагање на институциите за надминување на предизвиците во секторот се со цел развој на туризмот и негово поголемо учество во БДП“, изјави Кузманоски.

Минатата година во земјава се регистрирани над еден милион туристи, со три  милиони ноќевања, а туризмот учествува со три проценти во БДП.

Прочитано 171 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не