gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Бесплатен прирачник за постапување при инспекција според новиот Закон за инспекциски надзор

Почитувани членови,

Би сакале да Ве информираме дека во рамки на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, изработен е Прирачник за компаниите за постапување при инспекција според новиот Закон за инспекциски надзор кој е на сила, и има за цел да се информирате за сите новини во законот, за правата и обврските на компаниите, како и за процедурите кои треба да ги извршат инспекторите.

Со новиот Закон за инспекциски надзор се уредуваат основните начела на инспекцискиот надзор, статусот, надлежностите и работењето на Инспекцискиот совет, организацијата и раководењето со инспекциските служби, следењето, контролата и координацијата на работата на инспекциските служби, статусот и вработувањето на инспектор, лиценцата за инспектор, правата и обврските на инспектор, учинокот на инспектор, права и обврски на субјектите на инспекциски надзор при вршење на инспекциски надзор, постапката на вршење инспекциски надзор, посебните дејствија во инспекциската постапка, односите на инспекциските служби и надлежните органи, како и спроведувањето на законот.

Основната цел за носење на новиот Закон за инспекциски надзор е неговата едукативна природа. Така, Законот предвидува изрекување на алтернативни мерки пред покренувањето прекршочна постапка. Имено, опомената е уредено како мерка пред покренувањето прекршочна постапка, а друга алтернативна мерка е решението, како еден вид наредба за отстранување на утврдените недостатоци и неправилности во определениот рок.

Прирачникот може да го преземете бесплатно од веб страната www.biznisregulativa.mk  на македонски јазик на следниот линк и на албански јазик на следниот линк.

Овој прирачник е подготвен со поддршка на американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој „Прирачник за компании при инспекциски надзор“ им припаѓаат на авторите и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

Прочитано 61 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не