gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК на средба со Претседателот на Владата

Потпретседателите на Сојузот на стопански комори,  Драган Митковски  и Александар Милошевски, остварија средба со претседателот на Владата, Зоран Заев.

На средбата се разговараше за предвидените измени на Законот за вршење сметководствени работи, со цел поефикасно регулирање на сметководствената дејност и подигнување на кредибилитетот на Институтот за сметководители и овластени сметководители.

Изразена е заедничка определба за решавање на прашањата од интерес на сметководителите и овозможување транспарентно и одговорно работење. 

Потребни се низа мерки од страна на надлежните институции за подобрување на состојбите во фелата. Во пракса постои една крајна неизбалансираност измеѓу наметнатите обврски на професијата кои делумно потекнуваат директно од одредени законски решенија, а делумно од практичната примена на законски одредби и правата кои професијата ги има и заштитата која ја добива од оние кои се најголеми корисници на податоците од сметководствените извештаи.  Потребно е да се постигне баланс меѓу правата и обврските на сметководителите. Сите институции кои се крајни корисници на извештаи кои очекуваат да ги добијат од сметководителите мора да ја препознаат важноста на професијата и заедно да работат на нејзина заштита и издигање.

Прочитано 157 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не