gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Караван на Охрдиска банка наменет за мали и средни претпријатија

Охридска банка Сосиете Женерал неодамна го започна својот караван на средби со малите и средни претпријатија низ земјата. Целта на овој караван е непосредна комуникација со клиентите и отворена дискусија за сите предизвици со кои се соочуваат компаниите, како и експертски пристап во насока на подобрување на работата на компаниите и унапредување на меѓусебната соработка.

Во центарот на вниманието на овие работни средби беше неодамна пласираната кредитна линија во соработка со Европската Банка за Обнова и Развој, позната како “Партнер+” кредит. Имено, станува збор за кредитна линија наменета за малите и средните претприjатија со можност за грант од 15% финансиран од Европската унија, која се карактеризира со максимален износ на поединечен кредит до 1 000 000 евра, грејс период до 12 месеци, конкурентна каматна стапка, минимален рок за враќање на кредитот – 18 месеци и максимален рок за враќање на кредитот – 10 години, како и 15% грант пресметан на износот на финансираната инвестиција, овозможен од Европската унија. Дополнителен бенефит е користењето на бесплатни консултантски услуги од страна на стручни консултанти, ангажирани од ЕБРД, што придонесува и за повисоко ниво на квалитет на проектите финансирани со Партнер + кредитната линија.

Во текот на вчерашниот ден во Охрид се одржа трета работилница по ред, организирана од Охридска Банка, со цел подобро запознавање на претставниците на малите и средни претпријатија со поволностите на Партнер + кредитот, На работилницата преку панел дискусија на која учествуваа преставници од Охридска банка и претставници на стручните консултатни од проектот за поддршка на конкурентноста на МСП, како и директна дискусија со присутните претставници на малите и средни претпријатија, беа споделени детални информации за начинот и процесот на апликација и одобрување на кредити од кредитната линија Партнер +. Претходно вакви работилници се одржаа во Скопје и Штип. 

Прочитано 447 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не