gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска во Кина: Договор за зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовка е во официјална посета на НР Кина, како дел од иницијативата на НР Кина 17+1 во која активно е вклучен и Сојузот. Во рамки на посетата предвидени се значајни средби со официјални владини претставници од  НР Кина, учество на форуми на иницијативата за соработка на Кина и земјите од Центална и Источна Европа како и посета на големи кинески корпорации, активности кои ќе ги зацврстат добро воспоставените деловни релации со НР Кина. Посетата на Арсовска, е продолжување на заложбите на Сојузот и активности за зголемување на можностите на приватниот сектор во рамки на иницијативата на НР Кина и земјите од  Централна и Источна Европа, кон која неодамна се приклучи и Република Грција.

Во рамки на официјалната посета, во Нингбо, Арсовска склучи договор за соработка со кој во платформата 17+1  следната година Македонија и Кина ќе преземат активности за зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит со НР Кина.

„Во Нингбо е лоциран центарот за увоз во Кина за земјите од Централна и Источна Европа и  македонски павилион каде 12 месеци во годината се промовираат македонски производи. Во центарот изложени се и повеќе од 3.000 видови на производи, од над 300 компании од земјите од Централна и Источна Европа. Зајакнување на трговијата и соработката меѓу македонските и кинеските компании е повеќегодишна заложба на Сојузот на стопански комори. Договорот кој го потпишавме во Нингбо за зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит,  значи дека преку Сојузот, ќе даде нова димензија на можностите за пристап и можност за извоз и за реализација на сигурни партнерства на македонските со компании од НР Кина. Договорот е гаранција на заложбите на НР Кина во рамки на иницијативата со земјите од ЦИЕ за зголемена реализација на извозот, а со тоа кон  намалување на трговскиот дефицит, изјави Арсовска и додаде дека бројните иницијативи за соработка на Кина и земјите од ЦИЕ даваат резултати во повеќе сектори како ИКТ, земјоделство, здравство, индустриско производство.

Дополнително, новина е тоа што наскоро малите и средните претпријатија, кои имаат многу важна улога во економскиот и социјалниот развој на земјите во рамките на 17 + 1 соработката преку единствена веб платформа ќе можат да пристапат со својата база на податоци и да воспостават директни контакти за соработка со цел реализација на деловни партнерства.  Арсовска посочи дека воспоставување на новата платформата  за зајакнување на соработката помеѓу домашните компании со  компаниите од НР Кина, ќе значи дополнителна можност за зголемување на трговијата и заедничките вложувања за нашите компании.

Претседателот на ССК, е потписник на единствениот договор на балканот за економска соработка со Кина со што за македонските компании од 2015 година е отворен пат за директен пристап на најголемиот азиски пазар.

Нашата вкупна трговска размена со Н.Р. Кина во 2018 година изнесува речиси 500 милиони евра, остварен е извоз од околу 56 милиони евра, а увоз од скоро 440 милиони евра. Во 2017 година, трговската размена била 448 милиони евра, со остварен извоз од околу 55 милиони евра и увоз од 392 милиони евра.  Во следната година со договорот се иницираат активности за намалување на трговскиот дефицит.

Прочитано 428 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не