gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Бизнис регулатива објавува оглас за изработка на бизнис план за веб сајт

Бизнис регулатива преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива објавува оглас за ангажирање на правно или физичко лице за изработка на бизнис план за потребите на веб сајтот biznisregulativa.mk.

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива е проект кој се спроведува четири години, а се имплементира од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија. Целите на Проектот се подобрување на работењето на микро, малите и средни претпријатија во однос на  усогласеноста со законската регулатива, исполнувањето на бараните мерки, задачи и обврски, кои  претставуваат најчест проблем. Активностите на проектот се насочени кон помагање на бизнисите во процесот на усогласување со законските барања и да се поттикнат истите да земат активно учество во креирањето на политиките кои ги засегаат.

Дел од активностите на Проектот е агрегатниот веб  порталwww.biznisregulativa.mk. Агрегатниот интернет портал biznisregulativa.mk е производ на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

Овој портал е прв и единствен  од ваков тип, каде бизнис заедницата може да се информира за најновите  настани и бизнис активности во државата, како и за промените во законската регулатива поврзана со секојдневното  работење.

Предмет на договорот е  изработка на бизнис план за монетизација на агрегатниот веб портал www.biznisregulativa.mk.

Постапката ја спроведува Друштвото  за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје. Средствата предвидени за склучување на договор се обезбедени преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива. Буџетот за склучување на овој договор е фиксен изнесува 1.500,00 УСД. Договорот со избраниот кандидат ќе го склучи Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје.

Временскиот период за извршување на ангажманот е од мај 2019 година до 30-ти јуни 2019 година.

Можат да аплицираат правни и физички  лица кои имаат претходно работно  искуство во водење на маркетирање и продажба на рекламен простор на веб сајтови, комерцијализација на веб сајт, соработка со маркетинг, ПР и адвертајзинг агенции, да има познавање на онлајн пазарот во Македонија и алатките за дигитално огласување. Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да аплицираат со испраќање на ЦВ за физички лица и тековна состојба и референтна листа за правни лица.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат со доставување на бараните документи најдоцна до 17.05.2019 година 16 часот (по локално време) на следната електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Кандидатот ќе биде ангажиран за изработка на бизнис план за агрегатниот  веб портал кој ќе опфати:

-     Анализа на функционирањето на агрегатниот веб портал во однос на исплатливост и одржливост;

-     Анализа на трошоци (минимални и  оптимални) за функционирање на веб порталот;

-     Анализа на трошоци за веб сајтот во која ќе бидат вклучени решенија за хостинг и домен, плати и маркетинг;

-  Идејни решенија за правната поставеност за начинот на функционирање на агрегатниот веб портал и само одржливост на агрегатниот веб портал

Прочитано 394 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не