gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на Саем за храна и пијалоци FOODEX Јапонија 2020

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Р.С.Македонија во Токио, Ве информира за можноста за учество на Саем за храна и пијалоци FOODEX Јапонија 2020.

Foodex Japan е еден од најголемите саеми за храна и пијалаци во Азија и секоја година се одржува во Токио, Јапонија. На овој саем учествуваат голем број компании од целиот свет кои имаат интерес да извезуваат на јапонскиот и корејскиот пазар. Македонските компании кои сакаат да извезуваат храна и пијалаци во Јапонија имаат одлична можност да склучат партнерства на овој саем преку проактивен пристап како што е редовен follow-up на воспоставените контакти, подготовка на промотивни материјали на јапонски јазик и ангажирање локален персонал кој на саемот ќе комуницира со потенцијалните купувачи на јапонски.

Постојат два начина за учество на саемот и тоа:

  1. Преку државен павиљон односно групно / индивидуално учество на компании. Крајниот рок за аплицирање на овој начин истекува на 25.10.2019 година. Повеќе информации за овој начин на учество се достапни на www.jma.or.jp/foodex/en/ ; и
  2. Учество на една до две компании преку павиљонот JETRO (Japan External Trade Organization) под многу поволни финансиски услови. Крајниот рок за поднесување апликација на овој начин истекува на 31.07.2019 година, преку пријава на http://www.jetro.go.jp/en/events/foodex2020/.

За регистрирање на интерес за учество, како и за сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитано 311 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не