Испечатете ја страната

Можност за учество на Solar Power International 2019 (SPI 2019)

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Скопје, Ве информира за можноста за учество на Solar Power International 2019 (SPI 2019).

SPI 2019 претставува еден од најголемите настани за соларна енергија во Северна Америка на кој се очекува да има повеќе од 650 изложувачи и над 20.000 присутни од повеќе од 100 земји. SPI е мултимедијален настан на кој освен можност да ги погледнете сите најнови достигнувања и трендови во секторот, имате можност да присуствувате на сесии и едукативни работилници, потоа конференции, директни средби итн.

Сите детали може да ги погледнете на следната страна - http://www.solarpowerinternational.com.

За регистрирање на интерес за учество, како и за сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитано 1052 пати