gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

"Farete" - Болоња, Италија 4 и 5 Септември 2019 година

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Конфиндустрија Србија Ве поканува за учество на меѓународен деловен настан "Fаrete" кој ќе се одржи во Болоња, Италија на 4 и 5 Септември 2019 година.

Деловниот настан “FARETE” се одржува осма година по ред и претставува место за средба на компании и одлична прилика  за пронаоѓање на деловни партнери, како и за претставување на производи и услуги.
 
Ве информираме дека основни услови за учество за компаниите од регионот се:

  • поседување сајт на англиски јазик
  • најмалку 20 вработени
  • познавање на англиски или италијански јазик.

Воедно Ве информираме дека учеството на деловниот настан е бесплатно, а за по еден претставник од компанија се покриени следните трошоци:

  • Патување
  • Сместување (две или три ноќи во Хотел со 4*)
  • Храна и пијалаци за време на траење на настанот
  • Трансфер од станица или аеродром во Италија до Хотел и назад.

Останатите учесници од компаниите, трошоците си ги погриваат сами.
 
Ве информираме дека на следниот ЛИНК можете да ја превземете апликацијата за учество на бизнис настанот и ве молиме истата да ја доставите до Сојуз на стопански комори на Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 15.07.2019, во однос на што дополнително ќе бидете информирани за потврда на вашата регистрација.

Листата на италијански компании кои ќе учествуваат на бизнис настанот може да за превземете на следниот ЛИНК.

 За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитано 858 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не