gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Информација за примена на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи

Во насока на континуирано проследување на бизнис информации, би сакале да Ве информираме дека Царинската Управа започнува со примена на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи на 01.06.2019 година и рокот за регистрација на сите оператори е до 31.05.2019 година, во спротивно нема да може да се спроведува извоз на стоки. Деталите за начинот на одобрување на пристап до СОЦДАД и начинот на добивање на сите потребни одобренија се дадени подолу во ова известување. До СОЦДАД економските оператори можат да пристапуваат преку сопствени системи или со користење на Порталот за трговци на Царинската управа кој е достапен без надомест. Напоменуваме дека од 23 мај 2019 година, при поднесувањето на декларации преку порталот за трговци економските оператори ќе имаат можност за автоматска проверка на пресметка на износите на давачки и примена на мерките на трговска политика (дозволи, забрани, лиценци,...) преку комуникација со Интегрираната тарифна околина (ИТО).

Насоки за економските оператори во врска со пуштање во оперативна примена на Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД)

Сите застапници и компании што поднесуваат декларации во СОЦДАД мора да побараат пристап до системот, со претходно обезбеден дигитален сертификат (Електронски потпис). Постапката за поднесувањето на барањето и спроведување на останатите активности за одобрување на пристап во СОЦДАД е детално опишан во Прирачникот за корисници на Порталот за трговци на апликација UMS и Прирачникот за начин, постапка и услови за одобрување на пристап до Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи, кои се достапни на веб страната на Царинската управа во делот Е-ЦАРИНА/СОЦДАД/Информации.

Доколку претходно сте евидентирани во СОЦДАД како правно и физичко лице за пристап до продукциската околина, истите кориснички имиња и лозинки можете да продолжите да ги користите и за пристап до конформанс околината на која што треба да ги поднесете барањата за евидентирање на постојните одобренија во модулот за одобренија (МЕОС). Во овој случај треба да поднесете само барање за одобрување на пристап до СОЦДАД во хартиена форма.

Доколку досега не сте побарале пристап во СОЦДАД,  барањето покрај во хартиена форма треба да го поднесете и во електронска форма на следниов линк: https://traders-ct.customs.gov.mk/registration-ui, а понатамошните активности за поврзување на правното со физичките лица треба да ги извршите на следниов линк:  https://traders-ct.customs.gov.mk/myAccount-ui.Паралелно со постапка на поднесување на барање за пристап до системот, неопходно е веднаш да започнете постапка за поднесување на барањата во СОЦДАД за постојните одобренија кои ви се изадени од Царинската управа (одобренија за застапување, постапки со економски ефект, поедноставени постапки, одложено плаќање и слично). Исто така во системот треба да се евидентираат лиценцате за застапување за вашите вработени кои веќе имаат лиценци за застапување. Линкот за поднесување на барања за одобренија е https://traders-ct.customs.gov.mk/tradermeos-ui. Постапката за евидентирање на постојните одобренија во модулот за одобренија (МЕОС) на претходно наведениот линк е потребно да биде завршена што е можно порано, а во секој случај пред 1 јуни 2019 година, затоа што со официјалносто ставања на СОЦДАД во продукција нема да можете да поднесувате царински декларации без внесување на податоци за регистраски броеви на одобренија, регистарски броеви на гаранции, шифри за одобрени локации за поедноставени постапки и слично. Напоменуваме дека при внесување на податоците во системот треба да се внесат податоци од консолидираниот текст на одобрението. Во моментов не е потребно да се поднесат барања за поедноставени транзитни постапки (овластен испраќач, овластен примач, ...) и барања за одобренија за акцизни постапки.

Царинската управа ги евидентира вашите банкарски гаранции во Системот за управување со гаринции. По извршеното евидентирање системот ќе додели референт број на гаранција кој треба да го користите при поднесување на барања за други видови на одобренија. Информациите за новите референтни броеви на гаранции ќе ви бидат доставени на вашите e-mail адреси. При пополнување на барањата за евидентирање на одобренија за увоз за облагородување и извоз за облагородување доколку во вашето одобрение е наведно комбинација на економски услови со употреба на шифрите 30 и 10 и/или 11, во рубриката Шифра на економски услови треба да се става само шифрата 30, а не и шифрите 10 и/или  11, со цел системот да ви овозможи внесување на четрицифрени тарифни броеви.

Доколку во постојните одобренија за поедноставени постапки е користена комбинација на позитивна и негативна листа за стока која се става во поедноставена постапка, во системот, во делот опис на стока  треба да ги наведат прилозите како во одобрението, со наведување на застапуваните субјекти и опис на стоката која може да се става во постапка. Со оглед на тоа дека за поднесување на барање за евидентирање на лиценци за вршење на работи на застапување на физички лица и за барања за евидентирање на одобренија за застапување во царински постапки не се потребни податоци за гаранции, можете ваднаш за започнете со поднесување на барања за евидентирање на истите во СОЦДАД.

 
За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитано 228 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не