Испечатете ја страната

Покана за средба во просториите на Амбасадата на Р.С. Македонија во Тирана

До: Компании членови на Сојуз на стопански комори на Македонија

Предмет: Покана за средба во просториите на Амбасадата на Р.С. Македонија во Тирана

 


Почитувани,

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Ве информира за поканата со иницијатива за средба во просториите на Амбасадата на Р.С.Македонија во Тирана, на 17 април (среда) во 18:30 часот, на “Улица Каваја, бр. 116, Тирана“.

Целта на средбата е запознавање, размена на идеи, како и разговор за иницијативата за основање на Македонско бизнис лоби во Тирана. Поканети се претставници на компании кои имаат интерес за соработка со Албанија, кои имаат претставништва во Република Албанија или кои моментално работат во Република Албанија.

Замолуваме Вашиот интерс за присуство да го пријавите на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел: 02 30 91 440 во текот на денешниот ден.

 

Со почит,

Сојуз на стопански комори на Македонија

Прочитано 468 пати