gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Обука За Системи За Обработка На Царински Декларации И Акцизни Документи И Интегрирана Тарифна Околина (СОЦДАД И ИТО)

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Царинската управа Ве информира дека со цел подготовка на царинските застапници за работа со новиот систем за обработка на царински декларации подготвена е програма за обука. Согласно оваа програма, царинските застапници ќе можат да се запознаат со начинот на работа со системите СОЦДАД и ИТО, основни системи за спроведување на царинските постапки. 

Имајќи ја предвид важноста со овие обуки да бидат опфатени што е можно поголем број на царински застапници, Царинската управа со поддршка на Проектот на USAID за регионален економски раст – РЕГ во текот на март, април и мај ќе организира повеќе еднодневни обуки. 

Ве информираме дека првите обуки ќе се одржат на следните дати:

1.22.03.2019Петок
2.29.03.2019Петок
3.01.04.2019Понеделник
4.02.04.2019Вторник
5.03.04.2019Среда
6.04.04.2019Четврток
7.05.04.2019Петок

Обуките ќе се одржуваат од 12:00 часот  на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Адреса: Булевар Гоце Делчев бр.9В, 1000 Скопје).

Се повикуваат сите царински застапници (од целата држава) да се пријават за учество најдоцна до 21.03.2019 година (четврток) до 16:00 часот на следните електронски адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  

Во пораката потребно е да бидат доставени следните податоци за пријавените учесници:

-Име и презиме 

-Број на лиценца

-Компанија 

-Телефонски број и електронска пошта за комуникација

Поради интересот пожелно е да се пријавуваат по двајца претставници од економски оператор, а пополнувањето на групите ќе биде по принципот прв дојден прв услужен. Откако ќе бидат оформени групите, учесниците ќе бидат известени за терминот во кој се распределени да ја посетуваат обуката по електронска пошта.

Напоменуваме дека вакви обуки се планирани и во иднина, за што дополнително ќе Ве информираме.

Прочитано 364 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не