Европски Информативен и Иновативен Центар во Македонија (ЕИИЦМ)
Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) е дел од конзорциумот на проектот: Европски информативен и иновативен центар (ЕИИЦМ) од програмата на Европската Комисија: Програма за Конкурентност и Иновации.
Покрај ССК во конзорциумот учествуваат и Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ – Скопје (координатор), Стопанска комора на Македонија (СКМ) и Фондација МИР.
ЕИИЦМ, како дел од една голема европска мрежа, обезбедува услуги за повеќе целни групи при што како главна целна група се јавува секторот на МСП, но услугите се достапни и за големите фирми, универзитетите и истражувачките центри. Овие услуги вклучуваат дисеминација на информации за ЕУ легислативата, овозможување на бизнис контакти со потенцијални европски партнери, олеснување на трансферот на знаење и технологии, како и промовирање на можностите за учество во програмите на ЕУ за истражување и развој.
Повеќе информации за проектот ЕИИЦМ можете да добиете на следниот линк.
Enterprise Europe Network во Република Македонија е присутна преку Европскиот Информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ).
Доколку сте заинтересирани да ја објавите Вашата понуда/побарувачка во BCD (Business Cooperation Database) на Европската Унија доволно е само да го пополните BCD формуларот за Вашата компанија и да ни го пратите на е-маил: [email protected], останатото ние ќе го направиме за Вас!