е-АСИСТЕНТ

Почитувани компании,

Преку онлајн канцеларијата на центарот за асистирање и поддршка имате уникатна можност да се обратите на Вашиот е-Асистент во Сојузот на стопански комори на Македонија за консултации и совети согласно Вашите потреби. е-Асистентот ви овозможува да се обратите за специфичен совет обезбеден согласно прашањата за кои барате одговор на дневна основа од областа на легислативата, најновите промени и дополнувања на законите и подзаконските акти, финансии, маркетинг и др.

Вашиот е-Асистент можете да го контактирате преку електронска пошта секој ден на asistent@chamber.mk.

Во најкраток рок, ќе се обидеме да добиеме одговори на сите Ваши прашања и дилеми.

Со почит,
Ваш е-Асистент