ЦЕНТРИ ЗА БИЗНИС УСЛУГИ

Центар за макроекономска анализа

Центарот за макроекономска анализа во ССК допринесува за следење и анализа на севкупната економска ситуација во Република Македонија. Главната мисија на центарот е постојано да ги истражува економските случувања и јавната политика давајќи конкретни препораки, предлози и мерки за подобрување на условите за раст и развој на македонската економија.

Центарот работи на обезбедување на квалитетна анализа, како и на поттикнување на регионална соработка. Центарот спроведува годишно истражување на бизнис очекувањата на македонските претприемачи во смисла на инвестиции, вработување, бизнис клима, како и продажба на домашниот и странските пазари. Во својата работа, Центарот соработува со голем број на институции како МАНУ, Народна банка на РМ, Министерството за финансии, Државниот завод за статистика и сл.

Центар за инвестиции

Целта за формирање на Центарот за инвестиции е да им помага на инвеститорите (домашни и странски) во процесот на инвестирање и водење бизнис во Македонија, обезбедување на поддршка во решавањето на административните и законските процедури во спроведувањето на проекти и помагање во изнаоѓање на соодветен
деловен партнер.

Центарот соработува со надлежните министерства и другите институции во земјата со цел подобрување на правната рамка за инвестиции во Македонија и елиминирање на пречките за инвестиции, ги информира потенцијалните инвеститори за бизнис и инвестиционата клима, како и можностите за инвестирање во Македонија.

Центар за меѓународни односи

Центарот за меѓународни односи во соработка со МНР претставува директен линк на комората со Амбасадите на РМ и економските промотори со цел полесен проток на информациите за потенцијални можности за соработка и пласман на македонски производи.

Преку Центарот за меѓународни односи се реализираат сите меѓународни активности на ССК (организација на Бизнис форуми, студиски патувања, учество на саеми и промоции надвор од РМ и сл.)

Центарот во соработка со МНР овозможува директна логистичка подршка за компаниите членови на ССК во процес на пронаоѓање на стратешки партнери надвор од Македонија, организација на средби и состаноци и сл.

Бизнис инфо центар за национални програми за подршка и финансирање на компаниите

Бизнис инфо центарот во рамки на Сојуз на стопански комори на Македонија овозможува пристап до информации преку кои компаниите добиваат насоки за тековни национални програми за подршка на компаниите членови.

Бизнис тренинг центар

Во согласност со потребите на компаните членови, Бизнис тренинг центарот организира различни обуки во соработка со релевантни институции и компании со дејност консултантски услуги – членови на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Проектен центар

Улогата на центарот е следење на повици и имплементација на проекти во интерес на комората и членството. Во рамки на центарот е изготвена листа на потенцијални и значајни проекти за кои ќе се подготвуваат апликации и ќе се изнаоѓаат соодветни партнери од Македонија и странство.