ЦЕНТАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ИНОВАЦИИ

Почитувани,

Центарот за претприемништво и иновации е дел од Сојуз на стопански комори кој започна со работа на 1 февруари 2015 година.

Активностите и услугите на центарот се фокусирани на обезбедување на навремени и точни информации и помош и поддршка на секој претприемач. Нашата желба е да се постигне синергија помеѓу бизнисите, Сојузот и Владата да се создаде поповолна клима за инвестирање, да го промовираме развојот на економијата и претприемништвото, нови работни места и да ги ревитализираме областите кои се од посебен државен интерес.

Центарот за претприемништво и иновации во соработка со другите центри во Сојузот ќе делуваат во насока на подобрување на работењето на компаниите со следните активности:

  • Дефинирање на мерки за подобрување на претприемачката клима во Македонија
  • Следење и анализа на резултатите од работењето на малите и средни претпријатија
  • Застапување на интереси и обезбедување на техничка помош за компаниите-членови
  • Соработка со релевантните министерства, особено на:
  • Соработка со Центарот за хаука, истражување и едукација и други институции во организирање на соодветна обука за претприемачи
  • Консултантски услуги

Со почит,

Центар за претприемништво и иновации