ЦЕФТА

Почитувани членови,

Би сакале да Ве информираме дека Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) континуирано соработува со голем број на национални, регионални и меѓународни институции со цел проширување на бизнис услугите кои ги нудиме за нашите членови, а се во насока на развој и промоција на Вашата компанија, пласман на Вашите производи и услуги на странски пазари, како и помош и поддршка за компаниите членови.

Во таа насока, Ве известуваме дека ССК започна со остварување на континуирана соработка со Министерството за економија на РМ за вклученост во Регионалната мрежа за трговија ЦЕФТА и искористување на поволностите од ЦЕФТА Договорот на Република Македонија.

Покрај можноста за Ваша вклученост во голем број на настани и останати регионални ЦЕФТА активности, Ве информираме и дека може да пријавите соочување со била каква административна, техничка и останата бариера во рамки на Вашето работење, а во државите на ЦЕФТА 2006 кои се: Република Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Молдавија, Косово и Република Македонија. Имено, имате можност да горенаведеното го пријавите и истото ќе биде проследено и регистрирано во Секретаријатот на ЦЕФТА преку Министерството за економија на РМ, со цел пронаоѓање на соодветно решение.

ССК континуирано ќе се стреми со партнерите од ЦЕФТА за зајакнување на регионалната соработка преку залагање за либерализација на условите за водење на бизнис во регионот со цел зголемување на конкурентноста и промоцијата на нашите членови, како и зголемување на продажбата на производите и услугите на македонските компании во државите на ЦЕФТА.

Ве известуваме дека за пријавување на бариери со кои се соочувате како и за сите дополнителни информации во врска со спроведувањето на ЦЕФТА договорот, може да не контактирате на тел: 02 3091 440, или на е-маил: [email protected], лице за контакт: Маја Савеска.

Сите најнови и актуелни информации за ЦЕФТА, можете да ги погледнете на следниот линк.