Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија Ве информира за одржувањето на 21-от Кинески интернационален саем за инвестиции и трговија.

Саемот е со тема „Претставување на FDI“  и „Одење глобално“ и ќе се одржи од 8-ми до 11-ти Септември 2020 година во Сјамен, Кина.

Саемот претставува најголем и нај влијателен интернационален инвестициско промотивен настан и ќе го потенцира осетливиот деловен ефект, како и инвестициската политика и промовирањето на животната средина преку интегрирање на изложби, форуми и семинари, B2B настани, состаноци, врвни протоколи и сл.

Секоја година на саемот учествуваат преку 100.000 професионални учесници, вклучувајќи 15.000 прекуокеански посетители од владини институции, инвестициски промотивни агенции, бизнис асоцијации и мултинационални корпорации од повеќе од 100 држави и региони, како и 50.000 бизнис професионалци и владини претставници од повеќе од 300 поголеми градови во Кина.

Воедно повеќе од 1.500 дописници од стотици домашни и странски медиуми, креатори на јавното мислење ќе го покриваат настанот.

Фокусот на саемот ќе биде на „појасни и патни иницијативи“, реформи на снабдувачки страни, пилот слободни трговски зони, интернет + и други значајни теми.

Серија активности на меѓународниот форум ќе се фокусираат на градење отворена светска економија и внимателно ќе ја следат темата за промоција на билатерално инвестирање

За регистрација на саемот Ве молиме да се логирате на веб страната www.chinafair.org.cn.

За дополнителни информации може да не контактирате на тел: 02 30 91 440 или е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..