Седница на УО на ТУК, избрани четворица секторски претседатели на ТУК

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори одржа седница на Управниот Одбор, на која се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочува секторот како и за можните решенија кои ќе овозможат сигурен опстанок на компаниите како и искористување на потенцијалот на туризмот како брзо растечка стопанска гранка.

Претседателот на ТУК, Аркан Керим ја образложи можноста за ангажирање на работници од Турција, како начин за решавање на најголемиот проблем со кој во моментов се соочува секторот недостигот на квалификувана работна сила. Но, за да се реализира оваа можност неопходно е надлежните институции да дозволат работниците од Турција да бидат вработени на ист начин како и нашите државјани.

На седницата се разговараше и за можностите за финансиска поддршка на деловните субјекти од туристичкиот сектор со неповратни средства од фондови на ЕУ, што ќе биде од голем бенефит особено во делот на поставување на фотоволтаични панели со цел намалување на негативните ефекти од енергетската криза.

На денешната седница беа избрани и четворица секторски потпретседатели Наташа Церековиќ, потпретседател за сектор Угостителство, Васиа Трпеновска, потпретседател за сектор Транспорт на патници, Евалд Коениг, потпретседател за сектор Туристички агенции и Гурсел Карадениз, Потпретседател за сектор Хотели.