Потпретседателот на Сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски оствари средба со  Почесниот конзул на Република Северна Македонија во Малта, Метју Фенич со цел идентификување на секторите со најголем потенцијал за соработката и регулирање на форми за комуникација кои ќе ги приближат компаниите од двете земји. Претседателот на Сојузот, Ѓорѓиевски ја истакна одличната политичка соработка која ја имаат двете земји и која може да се искористи за продлабочување на економската соработка особено во секторите туризам и угостителство, градежништво, менаџирање со отпад, автоиндустрија, финансиски сектор, образование. Соговорниците демонстрираа желба и посветеност за понатамошна соработка во таргетираните сектори, во што Сојузот ќе се вклучи преку секторските комори.