gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Тинекс слави 25 години- Успешна приказна инспирирана од довербата на нашите потрошувачи

Компанијата Тинекс, на 23ти Април одбележa 25 години од своето основање во 1994година. Успешната приказна на нашата компанија се темели на континуираната посветеност на сите вработени кон остварување на нашата визија, која е насочена кон градење на стабилен и етаблиран македонски бренд, кој ќе претставува повеќе од супермаркет.
Да се задржи лидерската позиција сите овие години за нас претставува предизвик, но и мотивација, која не поттикнува постојано да превземаме нови чекори со кои ќе одговориме на потребите на пазарот и ќе го осигураме своето место на врвот.

Со отворањето на нашиот прв маркет во населбата Карпош 3, Тинекс стана првиот супермаркет во Македонија кој воведе нови, дотогаш неприменети, практики во малопродажба и услужување на потрошувачите. Оттогаш, па се до денес, Тинекс секогаш е насочен кон примена на најновите технологии и принципи на работење, кои се насочени кон усовршување на потрошувачкото искуство, со акцент на задоволството од пазарењето.
Денес, семејството на Тинекс вклучува 41 супермаркети во 11 градови низ Македонија, интернет продавница, 7 Cosmo дрогерии, ресторани, продавници на мебел и декор, туристичка агенција, игротека, сопствен логистичко-дистрибутивен центар, погони за производство на готови јадења и обработка на месо и два трговски центри. Останатиот, и најзначаен дел од семејството на Тинекс го сочинуваат над 1300 вработени, над 100.000 потрошувачи и 5000 соработници, без кои секоја цел би била нецелосна.

Во фокусот на компанијата секогаш се наоѓаат нашите потрошувачи, па затоа нашиот роденден одличивме да го прославиме заедно со нив, во знак на благодарност на довербата која ја имаат кон брендот Тинекс, овие 25 години.
По повод роденденот на Тинекс, во текот на наредниот период, ќе бидат организирани голем број на промотивни активности, акции и попусти за потрошувачите. Акциите ќе се однесуваат на супермаркетите Тинекс, но исто така и на останатите објекти кои се дел од семејството на Тинекс како дрогериите Cosmo, Tinex Home, Tinex To Go, Travel Solution и др. 

Секоја недела, започнувајќи од 22.04, 25 најпродавани производи ќе бидат намалени за -25%,  кои ќе бидат пренесени како поени на поен+ картичката за лојалност. 
Дополнително, со цел да се одбележи денот на отворање на првиот маркет, во вторник на 23.04, во сите Тинекс маркети беа доделени двојно повеќе поени на поен+ картичките за лојалност на Тинекс, пресметани според износот на сметката.

Во текот на месец Мај ќе бидат организирани викенд дружења пред супермаркетите Зебра, Лиса и Кончар, каде ќе бидат организирани бројни забавни активности за сите посетители со музичка програма и игри, а дополнително за време на забавите ќе биде послужена голема роденденска торта, и ќе бидат доделени подароци. 

Како дел од роденденската кампања, Тинекс распиша награден конкурс за редизајн на амбалажа на сладоледите Екстра, приватниот бренд на Тинекс. 
Целта на конкурост е да им се овозможи на младите дизајнери да ја покажат својата креативност и професионални способности преку учество во реален проект и да им се даде можност да се вклучат во создавањето на препознатлив производ, конкурентен на македонскиот пазар.
Победничкиот дизајн ќе биде награден со вредносен ваучер од Istyle во вредност од 60,000денари, и истиот ќе биде применет за промена на амбалажа на сладоледите.

Прочитано 204 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не