gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

На барање на ССК, ПЗУ може да користат средства од Фондот за иновации

Во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) се одржа првата инфо сесија со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на која компаниите од разлчни сектори се инфорираа за вториот повик за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. Програмата е дел од Планот за економски раст на Владата, наменет  за сите микро, мали и средни претпријатија, а годинава на барање на Сојузот и приватни здравствени установи (ПЗУ) со доминантна домашна сопственост кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес може да аплицираат за средствата.

„ Квалитетните предлози кои произлегуваат од ваквите состаноци, натаму со заедничка активности се имплементираат во програмите со цел што повеќе компании да може да ги користат предвидените средствата. За стопанството свеж капитал е секогаш неопходен,  особено за малите и средни претпријатија, кои тешко доаѓаат до финансии, а ваквата поддршка им е повеќе од неопходна за зголемување на квалитетот на самата работа, раст и развој. Вложувањето во иновациите е многу важно за домашните компании и за нивната конкурентност. Претпријатијата кои се иновативни имаат 15 проценти побрз раст во продажбата отколку неиновативните, осум отсто побрз пораст на продуктивноста и на конкуретноста, како и  побрз пораст на платите. Дополнително креирањето на  поволен бизнис амбиент за развој на компаниите, во функција на зголемување на конкурентноста, инвестициите, извозот и иновациите  се услов за долгорочен економски раст, а со тоа и општествен напредок“, истакна Габриела Кулебанова потпретседател на Сојузот и додаде дека само преку  интерактивна дискусија компаниите се информираат од прва рака за сите фази во процесот на апликација, критериумите, каде да се фокусираат во изготвување на проектот, поднесување и добивање на предвидените средства за негова реализација.

На инфо сесијата Сојузот во соработка со Фондот ги лоцираа дилемите кои ги имаат компаниите во процесот на апликација за изработка на квалитетен план. Јован Деспотовски, директорот на Фондот за иновации информираше дека досега формуларот за апликација го пополниле околу 300 компании. 

„ Ова е можност за домашните компаниите да добијат поддршка од државата за развој на своите бизниси со цел да станат понкурентни на домашниот и странските пазари. Новина е што овој повик, покрај микро,мали и средни претпријатија сега е отворен и за приватни здравствени установи (ПЗУ) со доминантна домашна сопственост кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес. Остануваме отворени за сугестии и препораки од вас компаниите. Затоа и ги менуваме и прошируваме можностите за да им излеземе пресрет и на овој сегмент од економијата во кој лежи голем потенцијал за развој на иновации. Глобалните искуства велат дека иновацијата е применлива секаде. Истовремено со воведување на механизмот на ројалти, модел кој е поставен во инструментите кои ги финасираме со средства од Светска банка, сакаме да ги поттикнеме компаниите што поуспешно да ги комерцијализираат своите иновации. Нашата визија е ФИТР да стане успешен и современ фонд кој делумно или целосно ќе се финансира преку повраток на средства од успешно реализирани проекти “ изјави Депостовски.

Од анкетите што ги прави Државниот завод за статистика компаниите кои внеле иновација во своето работење,  имаат значајни резултати во намалување на трошоците, зголемување на работењето и на профитот. Статистичките податоци покажуваат дека најиновативни се компаниите од областа на финансиите и осигурувањето по што следуваат информатичко-комуникациските компании. Најмалку иновативноста е застапена кај транспортните и земјоделските компании.

Прочитано 326 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не