gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК и Општина Бутел: Деловен клуб за локален економски развој

 

Претседателот на Сојуз на стопански комори (ССК) Данела Арсовска и градоначалникот на Бутел,  Велимир Смилевски потпишаа меморандум за соработка. Целта на потпишување на меморандумот е градење на партнерството кое треба да овозможи ефективна соработка помеѓу Општината и деловната заедница. Приоритет е економскиот развој на Општина Бутел и создавање поволни услови за водење бизнис.

Сите активности ќе се одвиваат преку формирањето на Деловниот клуб во кој ќе членуваат претставници на компании од различни дејности и претставници од Општина Бутел.

,,Ќе има голем прогрес во бизнисот,,- истакна градоначалникот Велимир Смилевски, веднаш по потпишувањето на меморандумот.

,,На територијата на општи

на Бутел имаме една развиена индустриска зона, Визбегово и една во подем, а тоа е идустриската зона Расадник. Во наредниот период ќе подготвиме солидна презентација на можностите на Општината пред членките на Сојузот на стопански комори и убеден сум дека работоте ќе тргнат по нагорна линија,, - додаде градоначалникот Смилевски.

 

 

Претседателот на ССК, Арсовска истакан дека продолжува веќе добро воспоставената пракса на Сојузот за зајакнување на соработката меѓу општините и деловната заедница преку формирање на Деловен клуб во рамки на самата општина. 

„ Компаниите кои делуваат на ниво на општината заеднички здружени и преку комората, а сега и преку општинскиот Деловниот клуб ќе имаат можност навремено да ги следат и детектираат предизвиците во општината со цел подобрување на деловното опкружување. На овој начин ќе се воспостави, поттикне и развива дијалогот на локално ниво меѓу јавниот и приватниот сектор и ќе се зајакнат врските за потребите како на деловната заедницата, така и на општината во повеќе сфери од заеднички интерес, како потреби на пазар на труд,  размена на мислења и информации, како и покренување заеднички иницијативи и предлагање мерки за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните во општината“

Прочитано 108 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не