gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Нов Бизнис Кредит од Охридска Банка Сосиете Женерал наменет за мали и средни претпријатија - „ПАРТНЕР+КРЕДИТ“

Преку Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните  претпријатија на Европската банка за обнова и развој, Охридска банка Сосиете Женерал го лансира „Партнер+“ кредитот со можност за 15% грант финансиран од Европската унија.  
 
Со својот труд постојано насочен кон создавање на подобри бизнис услови за  реалниот сектор, Охридска банка Сосиете Женерал го претставува “Партнер+” кредитот наменет за малите и средните претприjатија со можност за грант од 15% финансиран од Европската унија. Охридска банка Сосиете Женерал го разви Партнер+ кредитот како дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија во Македонија на Европската банка за обнова и развој.

Партнер+ кредитот им нуди можност на корисниците да добијат  15% грант од износот на финансираната инвестиција. Грантот е финансиран од Европската унија и се однесува на успешно завршените проекти на македонските мали и средни претпријатија во насока на заштита на животната средина, безбедност и квалитет на производите и здравје на работното место.

Со Партнер+ кредитот, малите и средните претпријатија добиваат можност да ги подобрат работните услови во својата околина и со тоа да се приближат до директивите на Европската унија.

Дополнителна вредност на овој нов производ од портфолиото на Охридска банка Сосиете Женерал е тоа што за реализација на проектите, на располагање се стручни консултанти за олеснување на процесот на апликација, како и изработка на технички бизнис план за прикажување на издржаноста на инвестицијата и нивото на позитивно влијание на истата врз активностите на компанијата.  

Партнер+ кредитот се карактеризира со максимален износ на поединечен кредит до 1 000 000 евра, грејс период до 12 месеци, конкурентна каматна стапка, минимален рок за враќање на кредитот – 18 месеци и максимален рок за  враќање на кредитот – 10 години, како и 15% грант пресметан на износот на  финансираната инвестиција, овозможен од Европската унија.  Инвестициите реализирани преку Партнер+ кредитот на Охридска банка Сосиете Женерал опфаќаат инвестиции во индустриски објекти, опрема софтвер, подобрување на системите за менаџирање во компанијата и останати промени што целат кон придржување на директивит е на ЕУ за заштита на природата, безбедност на вработените и квалитет на производите.

Новиот кредит на Охридска банка Сосиете Женерал е чекор напред во континуитетот на реализирање на програми на Европската банка за обнова и развој. Конкретно, Охридска банка со својата експертиза успешно ја реализираше и програмата на “GEFF” на ЕБОР, каде што преку А++ кредитот инвестира повеќе од 2 милиони евра во зелената економија, исплати повеќе од 230 000 евра грантови овозможени од Европската унија и финално, над 200 домаќинства имплементираа енергетско ефикасни технологии во своите домови.

Повеќе информации за Партнер+ кредитот се достапни на овој линк, во мрежата  на експозитури на Охридска Банка,, како и на Контакт центар 02 15 050. 

Прочитано 250 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не