gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК со меморандум до нови позиции на пазарот во Чешка

Со поддршка на г.  Едуард Мурицки, заменик министер за индустрија и трговија на Република Чешка и Н.Е Мирослав Томан, амбасадор на Република Чешка,  претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска и претседателот на Конфедерацијата на индустрија на Чешка, Јарослав Ханак,  потпишаа Меморандум за зацврстување на деловните релации меѓу двете земји како и зголемување на трговската размена. Двете земји имаат долга традиција на соработка, а фокусот за интензивирање на истата го гледаат во инфраструктура, автомобилската индустрија, индустрија за управување со отпад и со отпадни води, како и за заштита на животната средина.

Компаниите од двете држави покажаа голем интерес за зголемување на соработката. Кои сектори би сметале дека имаат најголем потенцијал за соработка?

Јарослав Ханак: Чешката Република има долга традиција на историски, економски и културни врски со Северна Република Македонија и земјите од поранешна Југославија. Нашите трговски врски имаат историја која датира од времето на поранешната Чехословачка. Традиционалните чешки брендови се добро ценети и двете земји отсекогаш  имале вредни деловни партнери. Високиот економски потенцијал ќе биде дополнително зајакнат со планираното пристапување кон Европската унија. Исто така, дел од основните приоритети на надворешната политика е поддршка на Северна Македонија за влез во ЕУ, со што ќе биде значаен фактор во регионот. Северна Македонија постигна голем напредок во реформирањето на нејзината економија во последната деценија. Поединечните поглавја на Спогодбата за пристапување кон ЕУ се со фокус на економијата, индустријата, модернизација на енергетскиот пазар со обновување на постојните и изградба на нови енергетски единици, како и заштита на животната средина, која е запуштена со години. Дополнително, недостатокот од искуства за вмрежување и инсталација на канализациски колектори од сите големини е одлична можност за чешките компании кои ги имаат потребните современи технологии и стекнатите искуства да се вклопат во исполнувањето на програмите за заштита на животната средина. Не помалку важни се секторите: земјоделството, транспортната инфраструктура и многу други.

Данела Арсовска: Главни сектори каде компаниите од двете земји детектираа потенцијал за соработка се инфраструктура, автомобилска индустрија, градежништво, земјоделство со посебен акцент на прехранбената индустрија, како и можности за реализација на проекти за управување со водни ресурси, индустрија за отпад, еколошки заштитни технологии. Веруваме дека потпишаниот Меморандум дополнително ќе ги зацврсти трговските врски меѓу двете земји и ќе отвори нови можности за соработка на компаниите, преку заеднички вложувања, директни партнерства, како и настапи на трети пазари.

Традиционално пријателските односи делуваат на зголемување на трговските и економските односи. Дали чешките компании изразија интерес за инвестирање? 

Јарослав Ханак: Силен импулс за натамошно продлабочување на меѓусебните односи е заедничката мешовита економска комисија која активно ќе ги координира конкретни проекти за развој на меѓусебните економски односи. Ја поздравуваме поддршката на двете Влади за нашите извозници и деловната заедница. Важноста на пазарот за земјите од Западен Балкан за чешката економија расте секоја година. Особено во последните три години се забележува динамичен развој во меѓусебните деловни односи. Членовите на чешката делегација имаат богато искуство и вредно знаење. Тие претставуваат компании во областа на управување со отпадни води, заштита на животната средина, инженеринг, енергија, транспорт и транспортна технологија, инфраструктура, електротехниката, преработка на храна, вработување, консалтинг, банкарство и финансиски услуги, недвижности како и многу други. Претставниците на Чешката Експорт-банка, исто така се дел од нашата делегација. Силно верувам дека оваа бизнис мисија ќе придонесе за понатамошно зајакнување на нашите трговски партнерства на двете земји и ќе резултира со зголемување на меѓусебната трговија во иднина.

 Данела Арсовска:  Трговската размена меѓу двете земји е во континуитет во нагорна линија во последната година со зголемување од 15 %,со потенцијал за унапредување на соработка во насока на намалување на разликите во размената. Во исто време, на економски план за натамошен развој на соработката меѓу двете земји, ќе отпочнеме со интензивирање на деловните партнерства и промовирање на секторите со висок потенцијал за остварување успех на билатерално ниво. Компаниите од Чешка се заинтересирани за соработка со домашните компании и веруваме дека потенцијалот кој треба да се искористи е особено во делот на енергетиката, како и управување со отпадни води, а во насока на унапредување на животната средина како една од најзначајните области со неискористен потенцијал за раст.

Конфедерацијата на индустријата на Чешка и Сојузот на стопански комори на Македонија, се многу активни на меѓународно ниво. Покрај заложбите за заедничка соработка, кои се најзначајните достигнувања на меѓународно ниво?

 Јарослав Ханак: Конфедерацијата на индустрија ја поттикнува мрежата на меѓународни контакти, од кои што следат голем број на успешни партнерства. Ние сме горди членови на Европската конфедерација на бизниси  во Брисел, каде што имаме постојан претставник, дополнително сме еден од најсилните гласови на земјите од Централна и Источна Европа во организација. Често соработуваме со нашите регионални партнери, на пример со состаноци со шефовите на Германската BDI или Федерација на Германската Индустрија. Исто така, постои редовна форма на средби и соработка на Централно Европската Бизнис конфедерација, кој ги вклучува Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија, Словенија и Хрватска - повеќе или помалку области на поранешната Австро-Унгарија. Оваа соработка и координација е особено корисна во ЕУ, но дополнително  имаме многу силна експертиза на пазарите надвор од Европската Унија. Редовно организираме деловни средби со високи  претставници на земјата на сите континенти и можеби најважно ние сме членови на BIAC - Бизнис на ОЕЦД, како многу важна организација со влијателна платформа.

Данела Арсовска: На меѓународен план Сојузот е особено активен последните неколку години. Круна на заложбите за интернационализација на компаниите е  назначувањето во раководството на Генералниот Совет на Светската Коморска Федерација (World Chambers Federation) со седиште во Париз  и веруваме дека со овој голем успех ќе дадеме максимални заложби за  позиционирање на нашата земја како центар за влез на нови инвестиции во земјата и регионот, за градење на сигурни партнерства за домашните стопанственици со цел зголемување на извозот. Дополнително ни се отвора пристап до информации од прва рака за светските економски случувања со нашето учество во Организацијата на Обединети Нации – ООН, Г20, Светската Трговска Организација, како и Европската Банка за обнова и развој. Важна во овој момент е и нашата посветеност на унапредување на соработката со Република Чешка со која цел и го потпишавме овој меморандум.

Прочитано 224 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не