gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Дан Тимотин ја презеде функцијата генерален директор на Пивара Скопје

Од 1. март 2019 нов генерален директор на Пивара Скопје е Дан Тимотин. Тој на оваа функција доаѓа по Владимир Косијер, кој заминува на нова раководна позиција во системот на         Coca-Cola HBC, како менаџер за продажба за Русија.

Новиот генерален директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин е искусен менаџер кој уште од    2011-та година ја гради својата професионална кариера во системот на Coca-Cola HBC, извршувајќи  различни лидерски функции во секторите за финансии и продажба. Тој на новата функција доаѓа од позицијата менаџер за продажба за Романија, каде како резултат на неговото лидерство, тимска работа, фокусот кон потребите на купувачите и ставањето на потрошувачите на прво место, компанијата постигнала значителен пораст во продажбата, ги зацрвстила пазарните позиции и го зголемила задоволството кај потрошувачите.

„Доаѓањето на чело на тимот на Пивара Скопје е голем предизвик за мене, на кој јас искрено се радувам. Свесен сум за досегашната богата традиција, извонредните успеси и големиот придонес и значење што оваа компанија го има за целата земја. Лично се уверив и во високите квалитети што ги поседуваат вработените во Пивара Скопје. Тоа ми влева дополнителен мотив и енергија заедно да продолжиме да вложуваме во нејзиниот натамошен одржлив раст и развој, фокусирајќи се на иновациите, градењето доверба кај купувачите и потрошувачите во уникатните вредности на нашите брендови и секако во нашиот придонес кон просперитетот на пошироката заедница“, изјави Дан Тимотин веднаш по стапувањето на функцијата генерален директор на Пивара Скопје.

Извонредните резултати што досега ги остварил Дан Тимотин, извршувајќи различни раководни функции во системот на Coca-Cola HBC, дополнети со неговата стручност, иницијативност и способност за мотивирање на сите членови на тимот да го дадат својот максимум, претставуваат гаранција дека со неговото лидерство Пивара Скопје ќе продолжи со одржливиот развој, со јакнењето на позициите на пазарот и високото ниво на доверба и задоволство на потрошувачите, како и со реализацијата на бројни општествено-одговорни проекти кои се значајни за заедницата.

За повеќе информации посетете ја интернет страницата ПОЛНА ЧАША: www.polnacasa.mk

Прочитано 81 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не