gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Зголемување на трговска размена со Италија со партнерски договор

Делегација на стопанственици од Италија на високо ниво допатува во нашата земја  на  директни средби со стопанственици од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) со цел рализација на трговски партнерства, инвестициски проекти, како и унапредување на економската соработката преку заеднички настап на трети пазари, беше истакнато на денешниот бизнис форум во организација на ССК, Институтот за социјални истражувања MK91 и Италијанската билатерална комора.  На бизнис форумот акцент беше ставен на прехрамбената индустрија, производството и дистрибуција на вино, туризам, градежништво, трговија, консултантски и медицински услуги, обновливи извори на енергија, кои  дополнително ќе придонесат за зголемување на традиционално добрите  деловни релаци меѓу двете земји.

 „Италија е меѓу десетте најголеми трговски партнери на нашата земја, поточно шести надворешно трговски партнер за 2018 година, соглсно официјалните статистички податоци. Вкупната трговска размена минатата година изнесува 614 милиони евра, што е 13,3 % поголема во однос на 2017 година. Извозот во 2018 година достигна 184 милиони евра, а увозот 430 милиони евра, при што споредено со 2017 имаме пораст на извозот за 12,6%, но и пораст на увозот за 14,0%. Покрај посакуваното зајакнување на добрите деловни релации, заедно потребно е да се посветиме на  намалување на разликите во трговската размена и поттикнување на компаниите за конкретни партнерства и меѓусебна соработка. Одличните релации кои ги градиме со коморите од Италија, како квалитетино поставени канали на соработка, се во насока на охрабрување на компаниите во мисијата да пронајдат сигурни деловни партнери да го користат овие канали“, изјави Данела Арсовска, претседател на ССК и додаде дека особено е значајно искуството на италијанските компании во реализација на поголеми инфраструктурни проекти со оглед и на фактот што како земја во овие сектори е присутна во повеќе од 90 држави во светот.

 Зорица Апостолска, министер за странски инвестиции рече дека Италија е значаен трговски партнер на Република Северна Македонија и перманентно се наоѓа на листата од првите десет земји со кои нашата држава има најголем обем на трговска размена и деловна соработка.

За сите странски инвеститори и бизнисот воопшто, важна е политичката безбедност и сигурност на земјата, бидејќи тоа силно влијае врз зголемување на економските активности, на прилив на нови инвестици, намалување на невработеноста и зголемување на БДП, што конечно ќе резултира во подигнување на животниот стандард на граѓаните. Со пристапувањето во НАТО и отпочнувањето на преговори со ЕУ, Република Северна Македонија ги реализира своите стратешки приоритети и стекнува политичка безбедност и сигурност, што претставува мотивирачки предуслов за сериозен прилив на нови странски инвестиции“, изјави Апостолска.

 Франческо Петрела, претседател на Македонско Италијанската Стопанска комора, посочи дека италијанските инвестиции во нашата земја во најголем дел се фокусирани во делот на ТГС технички гасови, обновливи извори на енергија, текстилна  и чевларска индустрија, но дека особен итерес кај италијанските стопанствениците има и за прехрамбена индустрија и туризам.

 Во нашата земја согласно официјалните податоци работат 130 компании со италијански капитал. Сојузот на стопански комори на Македонија има потпишано меморандум за соработка со Македонско Италијанската стопанска комора во 2016 година, дополнително и со Стопанската комора на Торино, како и со канцеларијата на Конфиндустрија Италија  во Македонија,која е водечка трговска асоцијација во која членуваат преку 150 илјади компании.

Прочитано 288 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не