gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Царинска Управа - Нов систем за обработка на царински декларации и кацизни документи

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Царинска Управа Ве известува дека започнува со реализација на пилот проектот за финална имплементација на новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи.

Како дел од низата активности на Царинската управа во насока на ставање во функција на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), на 04 февруари 2019 година ќе започне реализацијата на Пилот проектот за СОЦДАД, во кој ќе бидат вклучени 11 царински испостави.

Целта на Пилот проектот е да се констатираат можните проблеми при активна работа во системот СОЦДАД  и истите да бидат навремено отстранети пред финалното пуштање на системот во употреба, коешто е планирано за 1 јуни 2019 година.

Пилот проекот ќе се спроведува на така што сите декларации коишто се обработуваат во системот АСИКУДА, ќе бидат поднесени (од страна на економските оператори) и обработени (од страна на царинските службеници) и во СОЦДАД во пилот испоставите.

Тимот за поддршка на Пилот проектот на Царинска управа, кој неуморно работи како во текот на периодот на развој, така и во периодот на подготовка за ставање на системот во функција, веќе одржа консултативни состаноци и обуки за запознавање со функционалностите на новиот систем со царинските службеници, представници на бизнис заедницата – економските оператори, застапници и компании за развивање на софтвер.

Како потсетување, на 16 ноември 2018 година во Царинската управа беше финализиран развојот на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе го замени системот АСИКУДА кој сега се користи. Со тоа, сите царински постапки што досега се реализираа на хартија ќе бидат заменети со електронски постапки,

Со имплементацијата на новиот систем, кој претставува предуслов за понатамошно развивање на дигиталните решенија и услуги, значително ќе се поедностави работата на царинските службеници, граничните агенции и за сите учесници во царинската и надворешно-трговската постапка и ќе се креира поефикасна и модерна царинска околина во согласност со глобалниот развој и дигиталната ера.

Прочитано 107 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не