gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

E-Tinex.mk нова интернет продавница на Tinex

Ланецот на супермаркети Тинекс од 17ти декември ја отвори својата прва електронска продавница E-Tinex, која претставува најсовремена онлајн продавница за малопродажба во Македонија, со широка понуда на производи достапни за купување од дома или било која друга локација.

E-Tinex продавницата располага со асортиман од 6000 производи поделени во 22 групи кои опфаќаат различни категории на производи како основни производи, овошје и зеленчук, месо и сувомеснати производи, млечни производи, готови јадења, средства за хигиена и чистење, прозиводи за домот и др.  Дополнително, електронската продавница им овозможува на членовите на Мој Тинекс програмата за лојалност да собираат и користат поени и при секое онлајн пазарење, преку поврзување на нивната поен+ картичка со корисничкиот профил.

Засега, доставата на производи ќе се врши само на територија на Скопје, но постои можност за проширување на дистрибутивната мрежа во иднина, во зависност од побарувачката и интересот на нивните купувачи од останатите градови.

Со отворањето на електронската продавница, Тинекс ја заокружи успешната година во која оствари повеќе значајни достигнувања и проекти како отворањето на сопствен логистички центар во индустриската зона Чојлија, започнувањето на Мој Тинекс клуб програмата за лојалност и отворањето на новиот трговски центар Лиса во населба Ново Лисиче. 

“Нашата компанија постои веќе 24 години и е фокусирана кон континуирано унапредување на своето работење, со цел оддржување и зајакнување на односите со своите потрошувачи. Да се задржи лидерската позиција сите овие години за нас претставува предизвик, но и мотивација, која не поттикнува постојано да превземаме нови чекори со кои ќе одговориме на потребите на пазарот и ќе го осигураме своето место на врвот. Свеста на потрошувачите за електронското пазарење во нашата земја е во подем и сметаме дека со нашата електронска продавница ќе може да допринесеме кон развој и приближување на нашиот пазар кон светските трендови во малопродажбата. Преку отворањето на наша електронска продавница направивме уште еден чекор напред кон модернизирање на купувачките навики во Македонија.“- изјави Цветанка Христовска, бренд директор на Тинекс.

Прочитано 392 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не