gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Македонски компании ќе учествуваат на првиот индустриски состанок на Конфиндустрија Италија

Македонски компании ќе можат бесплатно да учествуваат на КОНЕКСТ – првиот индустриски состанок на Конфиндустрија Италија која обединува над 160 илјади италијански компании, а ќе се одржи во Милано, на 7 и 8 февруари годинава.

Марко Маркони, претседател на Конфииндустрија Македонија на денешната презентација на КОНЕКСТ во Скопје организирана во соработка со Амбасадата на Италија истакна дека на настанот ќе се овозможи поврзување на компании кои се членки на Конфииндустријата на Италија и на оние кои не се. Ќе има можности за средби во формат Б2Б на компаниите учеснички, кои покрај од Италија доаѓаат и од компании од Источна Европа каде Конфииндустрија има претставништва (Македонија, Србија, Романија, Бугарија, Црна Гора, Белорусија и Украина).

„Многу е важно што за македонските компании учеството на настанот е бесплатно и можат да разменат искуства и да развијат соработка со италијанските компании и со компаниите од Источна Еропа. Настанот е и можност за привлекување италијански инвестиции во земјава оти тоа е голема организација. Покрај со Источна Европа веќе Комфииндустрија Италија се проширува и во Африка, затоа на овој саем ќе бидат присутни и фирми од Мароко“, рече Маркони.

Марија Моника Анибалдис на презентацијата истакна дека на КОНЕКСТ во Милано ќе учествуваат околу 2.000 италијански компании од индустријата.

„Целта е да се создадат партнерства помеѓу италиајнските фирми, оние малите да може да растат, како и да се поврзат со меѓународни компании кои имаат иста визија за проширување на бизнисот, бидејќи Конфииндустрија Италија е најголема асоцијација од овој вид во Европа која брои над 160.000 фирми членки. Ова е и можност и самите членки меѓу себе да се запознаат, што работат кои се нивните можности, а потоа и каде сакаме заедно да одиме“, вели Анибалдис.

На настанот присуствуваа претставници од Сојузот на стопански комори на Македонија како и стопанственици од Македонија и Италија.

Конфиндустрија Италија има силна мрежа на членство од околу 160.000 членови од сите големини. Се смета за најголемо здружение на италијански компании од сите прозводни и услужни сектори, туризам, мода, дизајн, вино. Во Конфииндустрија Македонија членуваат 20 италијански фирми, како и домашни фирми кои работат исклучиво со Италија.

Централното седиште е во Рим, има 241 територијални канцеларии и здруженија, и има цел да обезбеди централна улога на компаниите како двигател на економскиот и социјален развој. Од 1958 година има и постојано седиште во Брисел кое има за цел да ги застапува италијанските компании пред европските институции.

Прочитано 406 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не