gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Меморандум ССК – ДСУ „Св. Наум Охридски“: Мост за ефективна инклузија на пазарот на труд

Прилагодување на образовните програми, практична настава во соработка со бизнис заедницата во насока на  успешна социјална инклузија на пазарот на труд на учениците од средното државно училиште  ,,Св. Наум Охридски, се дел од активностите кои ќе се реализираат во соработка со  Сојузот на стопански комори на Македонија. За таа цел директорот на Сојузот, Александар Зарков и директорот на ДCУ,,Св. Наум Охридски“, Дивна Видиниќ ја официјализираа соработката меѓу двете институции со  потпишување Меморандум за соработка, во насока на полесното позиционирање на пазарот на труд и создавање мост меѓу приватните компании и учениците од средното државно училиште  ,,Св. Наум Охридски,, во кое се образуваат ученици со интелектуална попреченост. Оваа иницијатива е една од низата на Сојузот во насока на практикување општествена одговорност на приватниот сектор, како начин на водење бизнис.

„Веруваме дека денашната иницијатива и официјализирање на меморандумот за соработка меѓу двете институции ќе дадат повеќе можности за унапредување на учениците од средното училиште се со цел поголемо и пред се нивно соодветно вклучување во работните процеси. Она што ни претстои како план е заеднички да ги развиваме сите форми на меѓусебна соработка, поддршка, взаемен труд за градење на капацитетите на овие ученици, преку адаптирање на образовните програми за полесно вработување во приватниот сектор, воспоставување взаемна соработка, заедничко планирање и организирање на семинари, трибини, имплементација на проекти во насока на постигнување на крајната цел натамошно вработување на учениците и инкулзивност како важен процес во демократските општества, изјави Зарков и додаде дека заедничката работа на сите чинители е од особена важност за успешно  секторски да се одговори каде овие кадри најкорисно би одговориле на дадените задачи за воспоставување взаемен бенефит.

Дивна Видиниќ, директор на ДСУ,,Св. Наум Охридски“, Скопје истакна дека во училиштето се образуваат ученици за повеќе струки и занимања од цела Македонија: Графичка струка -  занимање: Послужувач на графички машини и Помошник книгоповрзувач – картонажер; Машинска струка: - занимање: Помошник бравар – лимар и Помошник автомеханичар; Текстилна струка: Помошник конфекционер; Електротехничка струка: Помошник електро механичар; Градежна струка: Помошник молеро – лакер; Угостителско – туристичка  струка: Помошник готвач.

„Попишувањето на меморандумот со Сојузот е од големо значење за нас како училиште за ученици со посебни потреби, бидејки ќе се создаде мост меѓу компаниите и училиштето, каде што тие ќе можат да ги следат нашите активности, да даваат позитивни сугестии, одредени обуки, според потребите на пазарот на трудот. Училиштето кон крајот на април ќе организира отворени денови, каде што потенцијалните работодавци ќе може да ги видат активностите, знаењата, умеењата и вештините на нашите ученици. Преку Сојузот контактите со работодавците ќе се поедностават и интезивираат, со што активностите и обуките во училиштето ќе се прилагодуваат според потребите на пазарот на трудот, со што ќе се олесни нивното вработување и нивната инклузија  во општеството. Ваквите контакти ќе ни овозможат  во соработка со Министерство за образование и наука и Биро за развој на образование да ги измениме и прилагодиме наставните програми според потребите на компаниите, а во согласност со можностите и способностите на учениците. Сето тоа ќе придонесе до економски развој и унапредување на општествениот живот. Досега имаме успешна соработка со неколку компании од Скопје, а нашата интенција е да се зголеми вработувањето на учениците од Скопје, но и од внатрешноста на државата“, изјави Видиниќ.

Позитивен пример е Компанијата „Кнауф“ член на Сојузот, која годинава активно се вклучува во  едукација на учениците во “Св. Наум Охридски“ Скопје, во паралелка со девет ученици за занимање Молер.

„Веруваме дека нашата соработка ќе има долгорочни ефекти за успешно позиционирање и инклузија на пазарот на труд на учениците од “Св. Наум Охридски“ Скопје. Се вклучуваме со нашите специлаисти во Кнауф преку обуки, во рамки на образовната програма, со донирање материјал и алати за работа, како и преку вмрежување на идните молери со градежните компании, се со крајна цел успешна интеграција на пазарот на труд. Цврсто верува дека само компанија која е базирана на вредности, грижа за заедницата може да обезбеди гаранција за стабилен развој и  конкурентска предност “, изјави Велимир Петровски, „Кнауф“, член на УО во ССК.

Според податоците на Државниот Завод за Статистика, согласно секторите каде се вработуваат лица со инвалидитет, во најголем дел станува збор за занимања за неиндустриски начин на работа во производство, ракувачи и составувачи на машини и постројки, елементарни занимања, работници во услужни дејности, продавници и пазарни продажби и сл.

Прочитано 180 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не