gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Признание Македонски квалитет 2018 – промовирани националните успеси

Во присуство на брojни гости, традиционално во рамки на манифестацијата Македонски Квалитет, беа прогласени десетте добитници на престижното признание за 2018 година, кое го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот на Република Македонија. Признанијата ги доделија претседателот на Република Македонија Н.Е д-р Ѓорге Иванов, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) г-ѓа Данела Арсовска, како и претставници на претседателството на Сојузот. Комисијата составена од членови на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, согласно прецизно воспоставените критериуми и оваа година, внимателно ги селектираше македонските претставници кои имаат традиција во создавање и одржување на национален бренд.

Добитници на Признанијата се:  Ансамб Студио Фолклор, Адора Инженеринг, Универзитет за туризам и менаџмент, Рафајловски Консалтинг, Специјал Продукт, Тинекс, Ендомак, Митковски ММ, Греемак Гроуп и Бироком. Годинава на свечената манифестација, во посебна церемонија доделено беше и високо признание на претседателот Иванов за исклучителен придонес и поддршка на македонскиот приватен сектор и националната економија.

Овие позитивни примери се гордост и успех  и се значајни имајќи предвид дека тие функционираат и остваруваат раст во услови на турбулентен економски амбиент. За добитниците ова признание  е само мотив плус и поттик да продолжат со нивната работа и во иднина, во духот на досега препознатливите вредности.

Доделувањето на традиционалното признание за квалитет е поттик да се продолжи со успешната работа и да се претставува државата со квалитет и доверба. Оваа престижна манифестација, се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година при што секоја година се доделуваат 10 признанија за Македонски квалитет

Прочитано 450 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не