gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Пивара Скопје лансираше дигитална платформа за едукација на млади за полесно вработување

Пивара Скопје креираше нова дигиталната платформа која ќе им овозможи на дополнителен број млади невработени лица, особено на оние што живеат надвор од Скопје, по електронски пат, да ја  поминат бесплатната обука од програмата „Вештини за успех“ и на таков начин да стекнат знаења и вештини кои ќе им помогнат полесно да ги надминат пречките при вработување или за почнување сопствен бизнис.

Во првите две години од реализација на оваа програма, која досега се одвиваше само во просториите на Едукативниот центар на Пивара Скопје, обуката ја поминаа близу 1200 млади, од кои 71% се од женски пол. Со можностите што ги нуди дигиталната платформа, се очекува бројот на првично планираните 5600 лица кои би биле опфатени во програмата, да се достигне многу брзо, со што до крајот на 2020-та година би можел да биде и двојно поголем.

„Исклучително сме задоволни од досегашните резултати од реализацијата на нашата програма „Вештини за успех“. Тие покажуваат дека 36% од младите кои веќе ја поминаа обуката веќе успеале да се вработат. Ваквиот резултат, заедно со големиот интерес што секојдневно го добиваме од голем број млади лица кои сакаат да земат учество во програмата, дополнително нѐ охрабрува да продолжиме, заедно со нашите партнери, да вложуваме во развојот на младите. На овој начин веруваме дека ќе креираме дополнителни можности и перспективи за младите и ќе придонесеме за натамошно зголемување на вработувањето и развојот на претприемништвото во земјата“, истакна генералниот директор на Пивара Скопје, Владимир Косијер.

Реализацијата на оваа програма на Пивара Скопје се одвива во соработка со државната Агенција за вработување која нуди постојана поддршка, особено во одредување на кандидатите на кои најмногу им се потребни ваков вид обуки, при што предност имаат младите од социјално ранливите категории.

„Сите економски параметри и релевантни прогнози укажуваат на тоа дека оваа година ќе ја завршиме со рекордно низок процент на вкупна невработеност во земјата. Но, и покрај тоа останува предизвикот да работиме на намалување на невработеноста кај младите која се уште е на високо ниво. Реализацијата на ваквите обуки, кои овозможуваат и учење на далечина, преку дигитална интернет платформа, се компатибилни со стратегијата и мерките на Владата за натамошно намалување на невработеноста, особено кај младите. Досегашните резултати постигнати со оваа програма се исклучително значајни и заслужуваат респект и поддршка од целата заедница“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Преку новата дигитална платформа, исто како и со обуките што се реализираат во просториите на Едукативниот центар на Пивара Скопје, младите добиваат можност да ги усовршат своите комуникациски вештини, да стекнат знаења од областа на финансиите и деловното работење, за креирање на развојни планови и управување со проекти, за ефикасно водење преговори и продажба, како и за организација и ефективно управување со времето и ресурсите.

„Целокупната обука која преку новата дигитална платформа станува достапна за уште поголем број млади луѓе содржи голем обем на практично знаење и искуства од клучните области на деловното работење. Тоа знаење и искуства на младите им го пренесуваат членови на менаџерскиот тим на Пивара Скопје и други водечки претставници од бизнисот, експерти од академската заедница, од јавните институции, како и од реномирани меѓународни организации, кои учествуваат во реализацијата на програмата, што секако е уникатна вредост за учесниците во обуките“, вели Зоран Костовски од компанијата за деловна едукација „Мотива“, која е партнер на Пивара Скопје во реализацијата на овој проект.

 

Инаку, програмата „Вештини за успех“ е само еден сегмент од активностите на Едукативниот центар на Пивара Скопје кој функционира уште од 1997-ма година. За досега оставарените резултати на полето на деловната едукација и својот општествен придонес, Едукативниот центар на Пивара Скопје има добиено повеќе признанија меѓу кои и „Националната награда за општествено одговорни практики“ во категоријата „Вложување во заедницата“. Центарот е член на Европскиот совет за деловна едукација со седиште во Женева, Швајцарија.

Прочитано 113 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не