gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Информација за Листа на стоки од животински потекло кои не подлежат на инспекција на граничен премин

ССК во соработка со Царинската Управа и Агенција за храна и ветеринарство, Ве информира за објавената Листа на производи од животинско потекло кои не подлежат на инспекција при увоз и транзит од страна на официјален ветеринар на граничен премин

Врз основа на член 85 став (3) од Законот за ветери-нарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16) директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, објавува Листа на производи од животинско потекло кои не подлежат на инспекција при увоз и транзит од страна на официјален ветеринар на граничен премин.

Производи од животинско потекло, кои не подлежат на инспекција при увоз и транзит од страна на официјален ветеринар на граничен премин се:

а)  Мешовити производи кои во својот состав не содржат производи од месо, но содржат помалку од половина преработени производи од животинско потекло, кои се: стабилни на собна температура или во процесот на нивното производство биле подложни на целосен процес на варење или процес на третман со топлина низ нивната супстанца, така да секој сиров производ е денатуриран; јасно идентификувани како наменети за исхрана на луѓе; безбедно спакувани или запечатени во чисти контејнери; придружени со соодветен документ и означени на македонски јазик и неговото кирилично писмо, така што документот и етикетата заедно даваат информација за природата, количеството и бројот на пакети на мешовитите производи, земјата на потекло, производителот и составот на производот; и

б) Мешовити прозводи кои во својот состав не содржат производи од месо и тоа:

 

Со денот на отпочнувањето на примена оваа листа престанува да важи Листата на производи и нуспроизводи од животинско потекло кои не подлежат на инспекција при увоз од страна на официјален ветеринар на граничен премин („Службен весник на Република Македонија” бр. 59/11).

Прочитано 90 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не