gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Предлог- законот за данок на личен доход влезе во Собрание! Не се послуша гласот на бизнисот

Предлог-законот за данок на личен доход влезе во собраниска процедура пред истекот на рокот за забелешки на ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на РМ). Бизнис заедницата остро реагира дека не само што не се послушани нивните аргументи против новите даночни решенија, туку не е испочитуван рокот за доставување на забелешките.

Стопанските комори во Македонија (Стопанска комора на Македонија, Стопанската комора на северо-западна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојуз на стопански комори) како дел од Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, заеднички реагираат дека со овој потег се нарушува партнерскиот однос помеѓу јавниот и приватниот сектор како клучна алатка за постигнување на поволен деловен амбиент кој ќе овозможи предвидливост, стабилност и ќе резултира со економски раст во Република Македонија.

Стопанските комори на Македонија како дел од Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива„ организирани во Платформата за Јавно приватен дијалог каде нивен партнер е токму Владата, во септември годинава излегоа со став http://www.biznisregulativa.mk/mk-MK/PositionDocuments/AllDocumentsCategory/4 дека реформата во даночната политика треба да се одложи за минимум 5 години. Ваквиот заеднички став резултираше по направените детални анализи, бројни анкети со бизнис секторот и реализирани работни средби со компаниите.

Во позицискиот документ што коморите го усогласија меѓусебе и го доставија до надлежните државни институции беше наведено:

  • Позитивниот ефект од воведување на прогресија кај персоналниот данок на доход преку зголемување на буџетски приходи во овој момент ќе биде далеку помал отколку негативните ефекти кои ќе се рефлектираат на вкупното бизнис опкружување.
  • Критиките за рамниот данок дека не придонесува за праведност во оданочувањето е недоволен аргумент за негово заменување со прогресивен данок во овој момент и треба да се имаат  предвид и другите позитивни аргументи кои одат во прилог на рамниот данок.
  • Зголемувањето на стапките по автоматизам ќе значи праќање на негативен сигнал кај домашните и кај странските инвеститори.
  • Регионалното опкружувањето во кое се наоѓа Република Македонија во овој момент, не дозволува зголемување на стапки од причина што брзо ќе ја изгуби компаративната предност и имиџ од досегашната политика на ниски даноци.
  • Прогресивното оданочување е повеќе карактеристика кај развиените земји како во поглед на економијата така и во поглед на институциите надлежни за спроведување на даночната политика. Според тоа, даночниот систем покрај функцијата на прибирање приходи за финансирање на државните потреби или нивна распределба, исто така треба да е во функција и на развојот на економијата, односно да биде позитивен фактор при носење на одлуки од страна на инвеститорите. 
  • Во ситуација кога државата сака да иницира прогресивен персонален данок, треба да даде предлог и за соодветно распределување на бенефициите (здравствен систем, образование, животна средина и друго) кои државните органи им ги даваат на граѓаните. 
  • Во овој момент, сметаме дека прагот за кој даночните обврзници се спремни да ги плаќаат даноците е прилично низок и зголемување на стапките ќе предизвика дестимулирачки ефект во економијата и ќе ја поттикне даночната евазија. Подобро е со постоечките механизми да се поттикнат економските оператори да не прават затајување на данок, односно да ги плаќаат сите даноци, наместо да манипулираат со средствата.
  • Воведувањето на рамниот данок доведе до големо растоварување на вкупниот даночен товар врз стопанските субјекти, па неговото заменување со прогресивен ќе значи сосема спротивен ефект, односно поголемо даночно оптоварување.
  • Во постојниот систем на бруто плата зголемувањето на персоналниот данок, односно прогресивното зголемување би имало влијание на висината на нето платите на вработените, односно зголемување на персоналниот данок значи намалување на нето платите понизок животен стандард и помала лична потрошувачка.
  • Многу внимателно треба да се пристапи кон измени во даночната политика и да се има предвид дека не се само стапките дел од даночната политика туку и многу други елементи наведени во анализата.
  • Стопанството со сигурност ќе биде афектирано од предложените промени, како на пример ИКТ (информатичко комуникацискиот) сектор, каде одливот на мозоци се зголемува секој ден. Дополнително, ќе биде дестимулирана инвестицијата во “смарт” технологии што е спротивно на политиката на Владата да поддржи истражувачки активности во што е можно поголем обем.

 

“Ваквиот вид на ад хок измени не и одат во прилог на држава која изминатите неколку години ги помина во правна несигурност и економска криза, заради што целокупната економија беше ставена пред предизвик на опстанок”, се вели во заедничкиот став на стопанските комори кои и покрај тоа што навремено и аргументирано укажаа на негативните ефекти од овие реформи и истите во септември ги доставија до сите релевантни државни институции, сепак гласот на бизнис заедницата не беше слушнат.

Прочитано 118 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не