gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Одржана работилница и конференција на тема: Национална проценка од ризикот за перење пари и финансирање на тероризам

На 19 и 20ти Ноември 2018 година во хотел Александар Палас се одржа работилница и конференција на тема „ Национална проценка од ризикот за перење пари и финансирање на тероризам“

Во областа на борбата против економскиот криминал, во рамките на Програмата за хоризонтални институции беа дизајнирани три специфични цели. Овие активности ќе имаат за цел да го подобрат спроведувањето на клучните препораки на Групата на држави на Советот на Европа против корупцијата (ГРЕКО) и Комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (MONEYVAL).

Советот на Европа, преку Акција против економски криминал, ги поддржува националните власти во ажурирањето на Националната проценка на ризик (NRA) за перење пари и финансирање на тероризам. За два дена консултантите на Советот на Европа обезбедијa насоки за националните власти за ажурирање на NRA - концептот, процесот и користените алатки, како и размена на искуства.

На конференцијата се обратиа голем број на експерти кои зборуваа за NRA – концептот, што претставува овој концепт и кои се алаткте и анализите. Исто така г-ѓа Јелена Пантелиќ од Србија зборуваше и го презентираше српското искуство, односно кои се разликите и кои се главните предизвици кога станува збор ризикот за перење пари и финансирање на тероризам.

На оваа конференција присуствуваше г. Драган Митковски претседател на Комора на сметководители.

Прочитано 152 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не