gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Со менторство до побрз развој на човечките ресурси во компаниите

Законско регулирање на менторството на работното место,  потреба од изготвување на стандард кој воедно ќе биде и водич при имплементација на менторската врска, како и потреба од дополнителна стандардизирана обука за менторите и менторираните, се детектираните клучни предизвици за успешна реализација и примена на ментроството во нашата земја кое е од голема важност за професионалниот развој на човечките ресурси во компаниите, беше истакнато на денешната прес конференција во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). За таа цел  извршниот директор на Сојузот, Александар Зарков и претседателот  на Македонската мрежа на ментори Славица Николовска потпишаа Меморандум за соработка.

Зарков истакна дека главната улога на менторството е преку развивање на менторска програма да се пренесат знаења, експертиза и искуство, а со нејзино реализирање да се овозможи професионален развој на менторираниот.

„Во развиените земји особено во САД, менторството претставува дел од корпоративната култура. Во нашата земја менторството се спроведува во администрацијата и академијата, додека компаниите се соочуваат со предизвици за негова имплементација, пред се поради нерегулираниот однос кон менторот во одредена компанија. Во досегашните обиди за имплементација на менторството во стопанството, компаниите се соочуваат со недостаток од правна заштита и утврдување на законска рамка на поимот ментор и неговата улога во компанијата. Компаниите сметаат дека терминот ментор треба да се регулира законски, бидејќи при инспекциски надзор се доведуваат во ситуација за утврдување неправилности, токму поради нерегулираниот статус на менторот “, изјави Зарков и додаде дека ова е од исклучителна важност заради придонесот за развој на човечките ресурси во компаниите, особено во денешни услови на одлив на квалитетен човечки капитал.

Николовска истакна дека веќе седум години Македонска мрежа на ментори се залага за подобрување на економското опкружување преку поддршка на претприемниците и малите и средни претпријатија преку менторство, едукација и настани за вмрежување.

„Голем број на сопственици на компании или менаџери на институции при реализација на својата менторска улога имаат можност да менторираниот го поканат во својата компанија, како би можел менторираниот одблизу да ја види работата на менаџерот/сопственикот. Многу често ваквиот тип на едукација доведува и до понуда за вработување. Но, во сегашниот закон за работни односи како  форми на советување и учење се издвоени практиканството, стажирањето и волонтирањето. Овој тип на неформална едукација во компанија не е препознаена и како таква би можела да креира проблем доколку менторираниот е затекнат во компанијата од страна на трудовата инспекција, при што и компанијата и менторираниот би подлежеле на парична казна“, истакна Николовска и додаде дека досега оваа менторска релација е уредена само со т.н џентлменски договор потпишан од двете страни во кој се истакнати само основите на менторската врска, но и вака уреденото менторство не го мотвира менторот-компанијата да го преземат ризикот.

На настанот јасно беше истакната потребата од креирање на дијалог со бизнис секторот, заради систематизирање на менторскиот пристап и  изготвување на стандард кој воедно ќе биде и водич при имплементација на менторската врска.

Прочитано 122 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не