gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Одбележан Меѓународниот ден на сметководители во нашата земја

Комората на сметководители на Македонија го прослави денот на сметководството со седница на Собрание на која беа донесени значајни заклучоци, одлуки и акти за идни активности за унапредување на сметководството во Македонија, а кои ќе се спроведуваат во 2019 година. Меѓународниот ден на сметководството односно денот на сметководителите секоја година се прославува ширум светот за да им се оддаде признание на сметководителите кои имаат работа полна со предизвици и стрес, работа која малку луѓе се подготвени да и се посветат.  Во многу земји, овој ден се слави како настан за одбележување на сметководителите како претставници на заедницата кои ги водат финансиите и ги одржуваат финансиските стратегии на организациите на здрава основа. Различни организации, институции и земји го прославуваат овој ден на различни датуми, но во повеќето делови на светот, 10 ноември се смета за официјален Меѓународен ден за сметководството.

„Комплексните деловни структури имаат потреба од квалитетни сметководители, па со цел да ги задоволат овие деловни барања, сметководителите се соочуваат со големи предизвици и притисок да создадат добро познат, високо конкурентен и веродостоен пазар на капитал за компаниите. Бидејќи поголемиот дел од компаниите имаат стратегија да го интернационализираат своето работење, сметководителите се справуваат со секојдневните предизвици, и тоа да ја подобрат транспарентноста, одговорноста, управувањето, хармонизацијата и додавањето на вредност за да го олеснат непреченото извршување на деловните операции. За сите сметководители кои мора да работат доцна во вечерните часови или до рано наутро до крајот на месецот за месечни или квартални обврзници, овој ден се слави како почит и признание за напорната работа и посветеност“, изјави претседателот Драган Митковски на седницата.


Овој ден за прв пат беше прославен во 1972 година како "Ден на сметководствената кариера" за да ја промовира сметководствената професија, а од 1976 година името се разви во "Ден на сметководството". Секоја година разни организации, заедници и земји го прославуваат овој ден со голем ентузијазам, меѓу кои и Комората на сметководители на Македонија која е посветена на развој на компаниите и лицата кои вршат сметководствени работи, овластените сметководители, финансиски и даночни експерти со цел развој на сметководствената професија.

Прочитано 135 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не