gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска: Квалитетни реформи и предвидливост услов за подобар стандард

Повеќе од 75 говорници, врвни имиња од глобалниот бизнис, над 2500 посетитиели присуствуваат на седмото дводневно  издание на Самитот Македонија2025.  Лидерите во своите области на светско ниво, на засебни панел сесии дискутираат за најновите светски трендови во економијата, инвестициите и технолошките иновации. Исто така, презентирани се успешни македонски приказни, а во фокусот ќе бидат и дигиталната трансформација, најновите технологии во здравството и зелените индустрии.

 Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска во панел сесијата посветена на тема: „Развој на ЈИЕ: Инвестиции, трговија и перспективи“ во рамки на Самитот Македонија 2025 ја истакна важноста од баланс во економските реформи како не би се забавил економскиот раст.

„ Целиот регион се соочува со истите предизвици и потреби, затоа конкурентноста е исклучително значајна за тоа која од економиите во регионот ќе се издвои како лидер во обезбедување поволни услови за привлекување домашни и странски инвестиции. Најтешката задача при спроведување на структурните економски реформи во Македонија конкретно е како да се спроведат политичките одлуки без да се наруши кревката економија и одржливоста на стопанството. Во овој момент клучно е внимателно да се балансираат планираните даночни реформи, а во исто време да се обезбеди напредок во клучните области каде имаме детектирани слабости како обезбедување владеење на право, поквалитетни услови за живот и работа, како и подобрување на ефикасноста на администрација која како сервис на приватниот сектор и граѓаните се во насока на овозможување раст на економијата“,  истакна Арсовска.

Арсовска на тематската панел сесија дискутираше  со Андреј Вробел од Велика Британија, Максимилијан Ламбертон, главен аналитичар на Економист од Велика Британија, Дубравка Негре, раководител на регионалната канцеларија на ЕИБ за Западен Балкан, Пиа Барбојч Јурашиевич, директор на Империал Тобако, Словенија и Душко Крсмановиќ, директор за развој на CMS Law, Србија.

Прочитано 184 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не