gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Биди дел од првиот Хакатон на Охридска банка Сосиете Женерал

Охридска банка Сосиете Женерал во соработка со Солвео го организира првиот OBSG BUZZ Хакатон и отвара повик до сите млади дизајнери, девелопери и други мотивирани поединци, кои се спремни да се вклучат во креирање на мобилната банка од иднината. 

Целта на  овој 54-часовен OBSG BUZZ - предизвик кој ќе се одржи од 30.11.2018 до 02.12.2018 е да се пронајдат и креираат нови начини на интеракција на Банката со корисниците. Односно, 50 млади и талентирани умови во тимови ќе имаат можност да работат на креирање иновативно, но истовремено и апликативно решение со кое ќе ја креираат мобилната банка на иднината, а истовремено ќе се борат за награда од 1.500 евра во денарска противвредност.

За време на OBSG BUZZ хакатонот, учесниците ќе треба да креираат  предлог - решенија за концептот на мобилното банкарство во иднина, кое ќе се осврне на аспектите кои треба да се подобрат, иновациите кои се потребни за подобро функционирање на мобилната банка и функционалности кои ќе одговараат на модерниот начин на живот.  На крајот на настанот секој тим ќе го презентира своето идеално решение пред комисија која ќе го прогласи победникот на OBSG BUZZ Хакатонот.

На OBSG BUZZ Хакатон можат да се пријават сите кои сметаат дека можат да одговорат на овој предизвик, сакаат да креираат нови решенија, имаат искуство во дизајн, маркетинг, програмирање, бизнис, финансии, сакаат да запознаат нови контакти и се тимски играчи. Пријавите за учество може да бидат индивидуални или заедно со уште еден партнер.  Сите заинтересирани потребно е да пoполнат апликација за учество.

Повеќе информации за повикот може да се прочитаат на следникот линк.

Прочитано 73 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не