gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Со имплементација на стандарди до олеснет влез на европскиот пазар

Домашните компании кои применуват европски стандарди имаат можност за излез на  пазарот во Европа од над 500 милиони потрошувачи, беше истакнато на денешната пресконференција на која потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Габриела Кулебанова и директорот на Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ), Џевад Кицара, потпишаа Меморандум за соработка. На настанот се дискутираше за важноста на европските стандарди и нивната примена за македонските компании со цел да бидат конкурентни на европскиот пазар.

Компаниите во принцип купуваат стандарди претежно за квалитет ISOO 9001, 14001, но македонската индустрија веќе ја гледа потребата  од употреба на европски стандарди и приспособување кон новите технологии, поточно замена на старата технологија со нова опрема која ќе биде паралелно изработена со европските стандарди за да може да излезат на европскиот пазар и да бидат конкурентни. Европските стандарди стануваат клучен елемент за промовирање на индустриската конкуренција, како и за овозможување појава на нови пазари и развивање нови технологии. Нивната примена значи елиминирање на трговските бариери и обезбедување поголема ефикасност.  Самиот процес на стандардизација е захтевен, чини време, ресурси и средства, но крајната цел е зголемен извоз и конкурентност на компаниите како и испорачување на подобри економски резултати“, изјави Кулебанова и додаде дека Меморандумот дополнително ќе ја зацврсти соработката меѓу двете Институции и ќе придонесе во што поуспешна имплементација на стандардите кај компаниите во нашата земја.

Директорот на ИСРМ, Кицара, рече дека компаниите треба да ја зајакнат својата свест дека воведувањето на стандардите ќе ја подoбри нивната конкурентност дома, a посебно на надворешниот пазар.

Производите кои се во согласност со стандардите се многу поконкурентни и имаат предност пред оние кои не се произведени согласно стандардите. Стандардот претставува и патна исправа за учество на отворениот пазар на европско но и на глобално ниво. Еден европски стандард се применува во 33 земји, со што се отвора пазар од повеќе од 500 милиони потрошувачи, а со тоа се елиминираат трговските бариери. Токму стандардите можат да им помогнат на компаниите да бидат во согласност со барањата поставени во регулативите на ЕУ, а безбедни и квалитетни производи можат да се пласираат на глобалниот пазар само со примена на барањата кои се пропишани во стандардите“, изјави Кицара.

Институтот за стандардизација на Република Македонија е единствено национално тело за стандардизација во Македонија и е полноправна членка на европските тела за стандардизација.  Една од главните придобивки за компаниите од учеството во работата на Институтот претставува вклученост во создавањето стандарди уште од самиот почеток до крај.

Прочитано 149 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не