Home Blog

Интервју со Ангелоски: Наместо ветувањата за плати од над илјада евра, учесниците во изборите треба да имаат реални економски програми

0

Во долгата низа на повеќеслојни причини кои ја поттикнуваат инфлацијата и растот на цените, претседателот на Сојузот на стопански комори- Трајан Ангеловски го издвојува растот на платите како една од подоминантните.

Потребата од почитување на економската логика ја посочува и во однос на цените на прехрамбените производи кои се често поскапи во македонските отколку во европските маркети. Како основна причина го издвојува фактот дека во македонската царинска тарифа постојат царини за одредени производи кои се повисоки од европските.

Повеќе на линкот:

https://lokalno.mk/intervju-so-angelovski-namesto-vetuvanjata-za-plati-od-nad-iljada-evra-uchesnicite-vo-izborite-treba-da-imaat-realni-ekonomski-programi/

Дали ќе има подобрувања во поглед на економијата?

0

Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и претседател на агро-бизнис комората, во емисијата “24 Отворено” на ТВ 24 вести, разговараше на повеќе теми од областа на економијата, бизнис климата, инфраструктурата, земјоделството, реформите, дигитализација, модренизација и што му е потребно на бизнисот во нашата дршава.

“Околу 15% од компаниите во Македонија се производни компании, тие се есенција во нашето општество, создавачи на реална вредност и креатори на додадена вредност во нашата држава. Според мислењето на Сојузот на стопански комори на Македонија, кон нив треба да се насочат силни и сериозни мерки, затоа што сметаме дека, конкретно претприемништво, иновации, нивниот развој, е клуч за развојот на економијата во нашата држава, производните и извозните компании кои ја создаваат таа додадена вредност. Тука треба да се постави прашањето како тоа да се направи? Никогаш до сега во изминатите 30 години не е обрнато внимание кон овие компании. Дури и во периодот на кризите, клучен елемент беше Македонска банка за поддршка на развој, но кредитните линии кои беа бекап поддршка, во однос на кризите што се случуваа, прво ковид, па енергетска и финансиска криза, имаше само некои, симболични линии помош, од 5 милиони евра за зелена енергија, 10 милиони евра помош од ковид итн. што е симболично и незначајно во однос на потребите на овие компании. Силно сме убедени во Сојузот на стопански комори, дека во развојот на овие компании, микрото да станат мали, малите да станат средни, средните да станат големи, таму е клучот на оваа  бројка на сериозен економски раст, апроксимативно 5, 6 или 7%, кое ќе му овозмоши на нашето општество да се дигне и на едно друго ниво да се подигне самата економија”, рече Ѓорѓиевски.

Повеќе на линкот https://www.youtube.com/watch?v=PnzZQgdoxDo

Интервју со Трајан Ангелоски: Бизнисот бара реформа на јавната администрација

0

Новата година ја стартувавме со прелеани ризици од минатата година, со очекуван реформски застој, притисок за инфлација и секако два изборни циклуси. Трајан Ангелоски, како претседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија, во своето гостување во емисијата “Агенда 35” на МРТВ, зборува за тоа со какви очекувања, стравови, но и со какви предизвици, компаниите влегуваат во новата година.

“Оваа тема и овој вид на прашања се доста деликатни, затоа што постојат многу непознаници и во минатиот временски период надворешни влијанија, а оваа година освен тоа што имаме неповолна домашна ситуација со изборите, каде што скоро половина од годината очекуваме дека во овие предизборни случувања, ќе се потроши без некои посебни економско-реформски процеси, што се очекува и од овој неповолен тренд од надворешни пазари, ЕУ, приметуваме какво е нивото на раст во ЕУ, некаде негативно, некаде благо позитивно, меѓутоа е генерално неповолно. Така да ние како една неразвиена економија, треба да се обидеме да видиме, што е можно повеќе да инвестираме во развој на нашата економија со реформски процеси и  зголемување на растот, не треба да ги гледаме овие предизвици дека се клучни, но тие ќе имаат одредено негативно влијание, но ние треба да го дадеме најдоброто од нас и да ја подобриеме климата во нашата економија”, изјави Ангелоски.

Повеќе на линкот  https://www.youtube.com/watch?v=4MO5b-HorXk

НОВ партнерски проект на ССКМ – “Smart Electricity for Buildings-Centers of Vocational Excellence”

0

Сојузот на стопански комори на Македонија го оддржа првиот состанок со партнерите  во Македонија, директорот на Емкице Киц г-дин Илија Вучков и директорот на Регионалниот Бизнис Центар – Југоисточен плански регион, г-дин Ѓоко Камчев, за проектот “Smart Electricity for Buildings-Centers of Vocational Excellence” од програма Erasmus -LS Erasmus Lump Sum Grants со вкупен буџет од 2.995.613 евра.

Целта на проектот “Паметна електрична енергија за згради“ е да се развијат центри за стручна извонредност, да се поддржи паметната специјализација на регионот и да се воспостават меѓународни центри за знаење за системи за извонредност со амбиција да бидат референтни точки за продолжување и доусовршување на професионалците ангажирани во секторот.

Сојузот на стопански комори интензиво продолжува да работи на активности и зајакнување на капацитетите за вмрежување и застапување  за да  се постигне поголемо препознавање, проширено влијание и користење на Европски програми за грантирање.

ССКМ заеднички работи да ги спои капиталот и ресурсите за поддршка на иновативни стартапи, меѓународна менторска мрежа, мрежа за бизнис развој, мрежа на инвеститори, регионални инвестиции и активности за унапредување на бизнис секторот.

АНГЕЛОСКИ: Во „Отворен Балкан“, македонската економија е најслаба

0

– доколку се гледа иницијативата на Отворениот Балкан на долг рок, ја оценуваме позитиво

– краткорочно во овој момент македонската економија има ниска конкурентност со останатите две земји кои имаат одлични економски резултати, раст на полето од туризмот и инвестиции во инфраструктурата со што очекуваме одлив на работна сила од нашата земја

– потребни се реформи во јавната администрација и дигитализација за брзо и лесно добивање на потребни документи, а вишокот од вработените да се интегрираат во приватниот реален сектор

– ако се олеснат процедурите и квотите на краток рок може да се ублажи недостатокот на работна сила со увоз, но долгорочно потребно е планирање на човечките ресурси и преквалификација на одреден број според потребите,а индустријата за долгорочен развој и раст на македонската економија.

Повеќе на линкот https://www.slobodnaevropa.mk/a/angelovski-izgubena-godina-za-sushtinski-reformi-vo-ekonomijata/32853828.html?utm_medium=social&utm_campaign=viber&utm_source=viber

Како од гарантирани до регулирани цени?

0

Мерката гарантирана цена на 1ви март заврши, инспекциите најавуваат засилени контроли за да може да се интервенира во случај на зголемување на цените. Дали производителите на леб, млеко и млечни производи, ќе доставуваат производи по исти цени, дали ќе има поскапување или не?
“Цените се замрзнаа на почетокот на октомври на ниво што го имаа на 1ви август 2023 г, различни ланци на маркети, имаат различни замрзнати цени на исти производи. Нашите контакти со компании покажуваат дека не се најавуваат некои големи промени, на почетокот можни се некои корекции, затоа што поголем број на производи се замрзнати, некои можеби ќе се покачат за некој минимален процент, а некои производи нема да се покачат, ќе останат на истото ниво, како што биле и до сега“, изјави проф. д-р. Орце Симов, потпретседател на Сојузот на стопански комори и претседател на ИКТ комората, на неговото гостување на МТВ.
Повеќе на линкот: https://play.mrt.com.mk/play/570832

Ангелоски: “Веруваме дека бирократските процедури ќе се скратат”

0

“Генерално сите овие идеи кои значат регионализација, проширување на пазарот, можност за соработка на нашите компании со српските компании или директна присутност на српскиот пазар на наши вработени или компани, сметаме дека е дефинитивно еден од основните чекори за еконсомска интеграција на регионот и подобрување на економската клима. Ова дигитално поврзување и скратување на процедурите, многу ќе значи во следниот период, затоа што мобилноста на работната сила и компаниите да можат да изработуваат проекти во сите овие земји од нашиот регион, што ќе биде од големо значење”, изјави  Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори, за порталот Косово – он лајн.

Повеќе на линкот https://m.youtube.com/watch?v=zJvp2e-kris

Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на ССКМ, гостин во Топ Тема

0

“Законот за нефер трговски практики треба да ги стави во подобра преговарачка позиција производителите на храна наспроти големите купувачи”, рече Ѓорѓиевски

Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на ССКМ и претседател на агро-бизнис комората, беше гостин на ТВ Телма во емисијата Топ Тема. Се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и престанокот на важноста на загарантираните цени на дел од основните прехрамбени производи, намалените царини за зеленчук, дали граѓаните ги очекува нов ценовен шок, кој е реалниот резултат од антикризните мерки до сега, дали следни за кратење се субвенциите за струја, што ќе спаси законот за нефер трговски пракси.

На овие и други теми повеќе на линкот https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=7791487604203198&id=100033242985412&sfnsn=wa&mibextid=2Rb1fB

Средба на потпретседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски со Цветан Трипуновски, заменик министер за земјоделие

0

Денес, потпретседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-дин Горан Ѓорѓиевски со членки компании од агро-бизнис секторот оствари средба со г-дин Цветан Трипуновски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На состанокот се разговараше за предизвиците со кои се соочува бизнис секторот, се со цел да се слушне нивниот глас, беа  предложени решенија  за промена на моделот за субвенционирање мерки како да се стимулира домашното производство, со поддршка на консултанти да се користат Ипард фондовите интензивно и  преку зголемување на обработливите површини  создавање услови за модерно и конкурентно земјоделско производство, дополнително  да се интензивира соработката со научните институции.

“Битни сегменти се: развојот на земјоделството и руралниот развој, целите на националната земјоделска политика, планирање, следење и процена на националната земјоделска политика, партнерство со социјални и економски партнери од областа на земјоделството, нови  мерки за уредување и поддршка на земјоделски пазари, директни плаќања и рурален развој,нови  форми на организирање и здружување во земјоделството и контрола на спроведување на мерките и надзорот над спроведувањето се насоки каде треба да делуваме”, истакна Ѓорѓиевски.

Сојузот на стопански комори интензивно работи заеднички со бизнис секторот и членките за вмрежување и идентификувaњe на потенцијални можности за соработка , истражување,  инвестиции, развоj и иновации се со цел за подобра бизнис клима за компаниите.

Стручно издание на проф. д-р Орце Симов  „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“

0

Проф. д-р Орце Симов потпретседател на Сојуз на стопански комори на Македонија  и редовен професор на Факултетот за информатика на Меѓународен Славјански Универзитет ја издаде книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“ кое издание е со детално и систематско истражување посветено  на интеграцијата на најновите истражувања и технички постигнувања во областа на генетското моделирање.

Книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“ од авторот проф. д-р Орце Симов детално и прецизно ги опишува процесите на иницијација на транскрипција и синтеза на mRNA молекулите. На оригинален и иновативен начин е дадено проширување на Буловиот генетски регулаторен модел така што тој е доближен до реалноста, но со задржување на дискретноста и логиката на одлучување.

Истражувањето на генетските регулаторни мрежи преку моделирање и компјутерска симулација претставува комплексна и повеќеслојна задача, тоа е интердисциплинарно и вклучува  и претставува пресек на три научни подрачја:

1.Биоинформатика и компјутациона биологија

2.Биолошки системи и генетика

3.Математичко симулирање и моделирање

Книгата обработува тема на молекуларната биологија и генетските процеси  и биоинформатичкиот пристап кон генетските процеси, и се вклучени софтверските модели низ прилози, и дополнително истражување за протеините како работни молекули во клетките со нивната градба и структура,  и системот за кодирање на аминокиселините како градбени блокови на протеинските молекули.

Опишана DNA молекулата како мемориски капацитет поделен на гени во којшто се сместени информации за начинот како да се градат протеини кои понатаму ќе извршуваат работни активности во клетката и ќе овозможуваат нејзино оптимално функционирање во околината,дава опис на процесот на биосинтеза на протеини отсликувајќи ги фазите на транскрипција и транслација.

,,Биоинформатиката како интердисциплинарно поле во книгата  претставува пресек на информатиката, когнитивните науки и биологијата во функција на проучувањето на биолошките системи и процесите што се одвиваат во нив,,истакна проф. Симов

“Истражувањето на генетските регулаторни мрежи преку моделирање и компјутерска симулација претставува комплексна и повеќеслојна задача, пред сè заради фактот што e очигледен веќе во самиот наслов на делото – тоа е интердисциплинарно и вклучува најмалку две научни подрачја: генетика и компјутерско инженерство. Истражувачот кој ќе се определи да зачекори во ова подрачје мора да го поседува клучот за разоткривање на сложеноста на клеточните процеси од една страна, но истовремено да биде вешт информатичар со искуство во користењето на многубројните компјутерски алатки и методи. На авторот на книгата што ја имаме пред нас, професорот д-р Орце Симов, му поаѓа од рака она со што можат да се пофалат малкумина: успешно да го премости јазот меѓу теоретската анализа на сложените процеси во генетските регулаторни мрежи и практичните вештини, алатки и знаења неопходни за моделирање и компјутерска симулација на истите.” – истакна за изданието проф. д-р. Биљана Перчинкова.

“Книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи од проф. д-р Орце Симов ги истражува и пренесува сложените генетски концепти со висок квалитет. Книгата се карактеризира со детално и систематско истражување, со чија помош авторот ги претставува основните принципи и напредни методи за моделирање и компјутерска симулација на генетските регулаторни мрежи. Ова не само што го збогатува разбирањето на читателите за молекулските механизми, туку и ги поттикнува да ги применуваат добиените знаења во пракса. Квалитетот на содржината се одразува и во актуелните информации и последните технолошки напредоци што ги обработува книгата. Авторот е посветен на интеграцијата на најновите истражувања и технички постигнувања во областа на генетското моделирање, обезбедувајќи му на читателот преглед во најсовремените методи и алатки. ” истакна за книгата Проф. Др. Мирко Спироски

Книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“ од авторот детално и прецизно ги опишува процесите на иницијација на транскрипција и синтеза на mRNA молекулите. Книгата претставува значаен придонес и беспрекорно издание од  аспект на интердисциплинарноста и подеднакво разбирлив како за генетичарите, биолозите и припадниците на медицинските дисциплини, така и за компјутерските експерти и информатичарите. Експертите од биоинформатиката, вештачката интелигенција и компјутерското инженерство исто така ќе добијат значајни согледувања и насоки како да се изгради успешен модел на симулација и моделирање и како истиот да се верификува. Книгата го збогатува разбирањето на читателите за молекулските механизми, туку и ги поттикнува да ги применуваат добиените знаења во пракса, обезбедувајќи му на читателот преглед во најсовремените методи и алатки.

НАЈНОВИ НОВОСТИ

Интервју со Ангелоски: Наместо ветувањата за плати од над илјада евра, учесниците во изборите...

0
Во долгата низа на повеќеслојни причини кои ја поттикнуваат инфлацијата и растот на цените, претседателот на Сојузот на стопански комори- Трајан Ангеловски го издвојува...

Дали ќе има подобрувања во поглед на економијата?

0
Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и претседател на агро-бизнис комората, во емисијата “24 Отворено” на ТВ 24 вести, разговараше...

Интервју со Трајан Ангелоски: Бизнисот бара реформа на јавната администрација

0
Новата година ја стартувавме со прелеани ризици од минатата година, со очекуван реформски застој, притисок за инфлација и секако два изборни циклуси. Трајан Ангелоски,...

НОВ партнерски проект на ССКМ – “Smart Electricity for Buildings-Centers of Vocational Excellence”

0
Сојузот на стопански комори на Македонија го оддржа првиот состанок со партнерите  во Македонија, директорот на Емкице Киц г-дин Илија Вучков и директорот на...

АНГЕЛОСКИ: Во „Отворен Балкан“, македонската економија е најслаба

0
- доколку се гледа иницијативата на Отворениот Балкан на долг рок, ја оценуваме позитиво - краткорочно во овој момент македонската економија има ниска конкурентност со...

© 2022-2023 | Сојуз на стопански комори. Сите права се задржани. Изработено од SERAFIMOV GROUP.