gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Оглас за ангажман на новинар за biznisregulativa.mk

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој се имплементира од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија, има потреба од ангажман на новинар за потребите на Проектот.

Постапката ја спроведува Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје. Средствата предвидени за оваа набавка се обезбедени преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива. Буџетот за набавката на овој договор е фиксен. Договорот со избраниот понудувач ќе го склучи Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје.

Предмет на договорот за набавка е ангажман на новинар за потребите на проектот. Временскиот период за извршување на ангажманот е од ноември 2018 година до 30 -ти септември 2019 година.

Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да аплицираат со испраќање барање за подигање на тендерска документација.

Барањето за подигање на тендерска документација да се достави преку електронска пошта најдоцна до 10.10.2018 година 16 часот (по локално време) на следната електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

На сите заинтересирани кандидати кои ќе го достават барањето за подигање на тендерска документација, ќе им биде доставена тендерската документација.

Сите прашања поврзани со оваа постапка исклучиво треба да се доставуваат по електронски пат на истата електронска адреса најдоцна до 10.10.2018 година 16 часот.

Критериуми за утврдување на професионална способност на кандидати:

1. Завршено високо образование

2. Минимум 5 (пет) години професионално новинарско работно искуство, пред се во делот на економија и право

3. Одлично Познавање на англиски јазик/ пишување и говорење;

 

Критериуми за избор на најповолна понуда:

1. Содржина и квалитет на Авторски текстови/ објавени /

2. Број на објавени авторски текстови

Прочитано 112 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не