gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Голем успех на македонската наука во земјоделството – меѓународно признати домашни сорти на пченица

Постигнат е голем успех на македонската наука во областа на земјоделството, поточно во создавање нови сорти пченица кои се признати на меѓународен план.  Во конкуренција на светски реномирани компании како најдобри сорти пченица, со одлични карактеристики и врвни приноси, минатиот месец признати се неколку домашни сорти пченица во Република Грција, Република Србија и Република Албанија. Станува збор за сортата „Осатка“ која е призната во Р. Грција, Р. Србија и Р. Бугарија, а сортата  „Тритикале-Агроунија“ во Р. Србија и Р. Бугарија. Квалитетните сорти пченица создадени се во Агроунија компанија која веќе 30 години  работи на селекција и создава високо приносни семиња за пченица,  успешно работи на домашниот и на пазарите во регионот, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Наспроти одредени тврдењата дека во нашата земја нема добар семенски материјал, признатите сорти во конкуренција на светски реномирани компании се само потврда дека во Р. Македонија има семенски материјал со врвен квалитетен, што е предуслов за одличен квалитет на пченицата која ќе се произведе на домашната почва и ќе ги задоволи сите барани критериуми за производство на квалитетно брашно за млинската индустрија. Врвните достигнувања во областа на земјоделската наука во Р. Македонија се и успех и признание на севкупната наука на нашата земја и даваат придонес и афирмација на сите нас. Во пресредт на есенската сеидба 2018 година, освен во Р. Македонија, во моментот, во Р. Србија, со сортите „Подобрена Оровчанка“, „Балканија“, „Осатка“ и „Тритикале-Агроунија“, имаме големо семе производство на сертифициран семенски материјал со кој не може да се задоволат побарувањата на сертифицираниот семенски материјал наменет за пазарите на Р. Србија, Босанска Краина, Р. Албанија и делумно Р. Македонија, што претставува чекор-враќање, како пред 30 години кога сортите „Пелистерка“ и „Скопјанка“ беа застапени на површини над 40% од Војводина“, изјави Огнен Оровчанец, претседател на Агро-бизнис комората.

Деканот на Факултет за земјоделски науки и храна, проф. Д-р. Вјекослав Танасковиќ, истакна дека ваквите примери се успех за земјоделската наука и мотив за научно-образовната институција од највисок ранг  да создава кадри со кои Македонија ќе бележи успеси рамни на оние во најсовремените светски држави.

Земјоделството и производството на храна претставуваат сериозен сектор во која се навлезени најсовремени технички средства, софистицирана опрема и примена на информатички и комуникациски технологии. За денешново земјоделско производство се потребни мултидисциплинарни знаења и способности. Достигнувањата се резултат на интензивните вложувања во развојот на науката во изминатите декади. Факултетот следејќи ги сите предизвици постојано е активен во истражувањата, следење на новите достигнувања во светот и сето тоа го вградува во наставата, како мисија во која студентите треба да ги добијат најновите знаења и на тој начин да се вклучат во глобалниот пазар на трудот“, истакна Танасковиќ и додаде дека и понатаму Факултетот ќе се залага преку науката да биде присутен во стопанството, а се очекува и стопанството да биде континуирано отворено за науката.

Препознатливиот  бренд во Македонија и пошироко, кога станува збор за креирање квалитетни сорти пченица, во сферата на селекцијата- создавање на нови сорти пченици и тритикале и во своето портфолио имаме: 18 сорти пченици признати во Република Македонија, 3 сорти признати во Република Србија, 8 сорти признати во Република Албанија, 4 сорти во Република Косово и 4 сорти во Босанска Краина.

Прочитано 216 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не