gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Информација од Царинска управа за датумот на примена на правила за потекло кои овозможуваат дијагонална кумулација

Комисијата на Европската унија, согласно член 3 од Додаток 1 од Конвенцијата, во Службениот весник на Европска унија во серија  Ц 325/06 од 14.09.2018 година, објави известување кое се однесува на датумите на примена на правилата за потекло од Конвенцијата или Протоколите за потекло кои овозможуваат дијагонална кумулација помеѓу договорните страни на Конвенцијата.

Со последната објава извршено е проширување на табелата 2 од објавата во која се додадени колони со датуми на примена на дијагонална кумулација со Грузија и Украина. Со оваа новина нема измени во примената.

Во однос на претходната матрица промени има и кај табелите 1 и 2 во колоната кај Турција и тоа:

  • додаден е датум за примена на дијагонална кумулација помеѓу Турција и Република Македонија со ознака „Ц што значи дека помеѓу Република Македонија и Турција се применува дијагонална кумулација овозможена врз основа на член 3 од Додаток 1 на Регионалната конвенција, а не како досега Протокол 2 од Договорот за слободна трговија помеѓу Република Македонија и Турција,
  • додаден е датум за примена на дијагонална кумулација помеѓу Турција и Молдавија со ознака „Ц” што значи дека помеѓу Турција и Молдавија се применува дијагонална кумулација овозможена врз основа на член 3 од Додаток 1 на Регионалната конвенција што практично значи дека и во трговската размена помеѓу Турција, Молдавија и Македонија се применува дијагонална кумулација од Регионалната конвенција (односно во трговијата со Молдавија доколку се користи кумулација со Турција нема да се користи уверението серија, туку серија А) и
  • додаден е датум за примена на дијагонална кумулација помеѓу Турција и Фарски острови и оваа промена не резултира со промени во практичната примена во однос на дијагоналната кумулација во Република Македонија.
Прочитано 203 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не