gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Комора на сметководители на РМ: Целосно повлекување на новиот предлог Закон за вршење на сметководствени работи

Комората на Сметководители на Македонија денес одржа седница на Управен одобор на која покрај членови, присуствуваа и компании од оваа дејност.

Тема на состанокот кој го водеше претседателот Драган Митковски беше актуелниот нов Предлог- закон за вршење на сметководствени работи, кој според дискутираното е подготвен на нетранспарентен начин односно без претходна консултација на засегнатите страни и стручната јавност и компаниите вршители на дејност. Согласно меѓународната пракса, неопходна е вклученост на сите засегнати страни во процесот на креирање нова регулатива како и образложение врз основа на што институциите ги подготвуваат предложените измени.

На состанокот беше констатирано дека наместо да се прават неиздржани измени, потребно е да се направи измена во Законот за вршење на сметководствени работи и сродните закони како би се оневозможило завршна сметка да поднесува и потпишува било кое друго лице освен овластен сметководител. Понатаму, секоја страна во Законот која има права треба да има и обврски кои треба да се почитуваат, поточно казнените одредби, освен за Институтит на сметководители и овластени сметковдители (ИСОС), сметководителите да важат и за одговорните лица во Министерството за финансии на Република Македонија.

Дополнително на сметководителите кои работат нерегистрирано и претставуваат нелојална конкуренција на регистираните да им се изречат соодветни санкции. Одредбите за влезен испит треба во целост да се елиминираат, бидејќи на оваа тема беше дебатирано цела година и токму затоа има услови за искуство за стекнување уверение за сметководител и овластен сметководител. Недозволено е било кој, а особено стручни лица со над 10 години работа да полагаат влезен испит, а притоа не се знае ни кој одредил и врз основа на чија анализа и насоки се воведува испитот, беше констатирано на седницата.

Комората на Сметководители бара целосно повлекување на новиот Закон за вршење сметководствени работи, предлага да се направат одредени промени на веќе постоечкиот, но пред се да се формираат работни групи од сметководителите и друштвата кои вршат сметководствена дејност бидејќи тие се дирекно засегнати со овој Закон и негови предложени измени.

Прочитано 415 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не